Закажете преглед

Закажи преглед

389 2 3091500

Zan Mitrev Clinic и Д-р Дијана Попевски дел од престижната студија за Третман на септични пациенти со Oxiris терапија

Назад до Блог

17.04.2019

Zan Mitrev Clinic и Д-р Дијана Попевски дел од престижната студија за Третман на септични пациенти со Oxiris терапија

Клиничката Болница Жан Митрев се најде во редот на престижни европски здравствени институции од Италија, Германија, Норвешка, Франција и Белгија со учеството во студијата за Третман на септични пациенти со Oxiris терапија.

Д-р Дијана Попевски е коавтор на студијата, заедно со видни лекари од горенаведените европски земји.

Се работи за посебен вид на континуирана хемодијафилтрација која се применува кај пациенти кои се во тешка септична состојба. Тоа е терапија што се употребува во современите европски болници во третманот на тешко болните пациенти.

Прочитајте ја целата студија тука (https://www.karger.com/Article/FullText/499355)

Со ова уште еднаш потврдивме дека Клиниката Жан Митрев е дел од современиот европски здравствен систем и дека нашите пациенти ја добиваат врвната здравствена грижа.

  • 205
    Shares