Специјалист по орална хирургија

јуни 06,2024

ПЗУ Клиничка болница Жан Митрев Скопје објавува оглас за работно место:

Специјалист по орална хирургија

Потребни квалификации:

  • Висока стручна подготовка од областа на оралната хирургија
  • Валидна лиценца за работа
  • Претходно работно искуство во областа,
  • Познавање на англиски јазик и компјутерски вештини

Клучни одговорности:

  • Изведување хируршки зафати на оралната и максилофацијалната регија.
  • Дијагностицирање и лекување на состојби поврзани со устата, вилицата и структурите на лицето.
  • Соработка со други стоматолошки професионалци за да се обезбеди сеопфатна грижа за пациентот.

Други карактеристики и вештини:

  • Силни интерперсонални и комуникациски вештини.
  • Висок степен на лична организираност и професионализам
  • Изразени вештини за менаџирање со време и одредување на приоритети, со способност за работа во кратки рокови
  • Флексибилност и адаптибилност во работата, со способност за приспособување на различни ситуации и потреби на пациентите
  • Способност за адаптирање и работа во динамична средина, со способност за справување со предизвици
  • Посветеност на континуирано учење и професионален развој.

Болницата нуди:

Одлични услови за работа, вклучувајќи современо опремени стоматолошки кабинети и инфраструктура, со последна генерација на стоматолошка опрема единствена кај нас

Високо професионална работна атмосфера, во која се поддржуваат колегијалноста и континуираниот професионален развој

Можност за личен развој, обука и до усовршување, вклучувајќи учество во обуки и семинари во земјата и надвор

Имплементација на нови технологии и третмани, за осигурување на висок степен на квалитет во пациентката нега и стоматолошката услуга

Доколку сметате дека ги исполнувате горенаведените услови и квалификации, Ве охрабруваме да ја поднесете Вашата апликација на vrabotuvanje@zmc.mk

*Само кандидатите кои ги исполнуваат условите и кои што ќе влезат во потесен круг на селекција ќе бидат контактирани.

*Сите пристигнати апликации за работа ќе се третираат со целосна доверливост.

Потребни квалификации: