Специјалист по стоматолошка протетика

јуни 06,2024

Потребни квалификации:

  • Висока стручна подготовка од областа на протетиката
  • Валидна лиценца за работа
  • Претходно работно искуство во областа,
  • Познавање на англиски јазик и компјутерски вештини

Клучни одговорности:

  • Дизајнирање, монтирање и прилагодување на протетски уреди.
  • Оценување на потребите на пациентите и креирање индивидуализирани планови за третман.
  • Соработка со мултидисциплинарен тим за да се обезбеди сеопфатна грижа за пациентот.
  • Обезбедување едукација и поддршка на пациентите во однос на употребата и грижата за нивните протези.

Други карактеристики и вештини:

  • Силни интерперсонални и комуникациски вештини.
  • Висок степен на лична организираност и професионализам
  • Изразени вештини за менаџирање со време и одредување на приоритети, со способност за работа во кратки рокови
  • Флексибилност и адаптибилност во работата, со способност за приспособување на различни ситуации и потреби на пациентите
  • Способност за адаптирање и работа во динамична средина, со способност за справување со предизвици
  • Посветеност на континуирано учење и професионален развој.

Болницата нуди:

  • Одлични услови за работа, вклучувајќи современо опремени стоматолошки кабинети и инфраструктура, со последна генерација на стоматолошка опрема единствена кај нас
  • Високо професионална работна атмосфера, во која се поддржуваат колегијалноста и континуираниот професионален развој
  • Можност за личен развој, обука и до усовршување, вклучувајќи учество во обуки и семинари во земјата и надвор
  • Имплементација на нови технологии и третмани, за осигурување на висок степен на квалитет во пациентката нега и стоматолошката услуга

Доколку сметате дека ги исполнувате горенаведените услови и квалификации, Ве охрабруваме да ја поднесете Вашата апликација на vrabotuvanje@zmc.mk

*Само кандидатите кои ги исполнуваат условите и кои што ќе влезат во потесен круг на селекција ќе бидат контактирани.

*Сите пристигнати апликации за работа ќе се третираат со целосна доверливост.