Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Zan Mitrev Clinic меѓу студентите на „Интернационалниот медицински научен конгрес“

15.05.2018

Zan Mitrev Clinic меѓу студентите на „Интернационалниот медицински научен конгрес“

Zan Mitrev Clinic повторно заедно со студентите во насока на предавање знаења и практики а со цел подобар, постручен медицински кадар во иднина. И оваа година екипи од нашата клиника учествуваа во 41-виот Интернационален медицински научен конгрес на Македонската медицинска студентска асоцијација. На овој конгрес којшто траеше од 12 до 15 мај во Охрид и којшто се смета за еден од најзначајните конгреси за студентите по медицина и млади доктори се претставија научни трудови од студентите а исто така беа застапени предавања и работилници одржани од реномирани професори од „Медицинскиот факултет“ Скопје, како и странски предавачи.

Работилницата организирана од Zan Mitrev Clinic опфати две предавања од страна на ВМС Весна Наумоска за историјатот на Basic life support и предавање од страна на Д-р Марко Ѓоргон за спроведување на Basic life support според последните препораки од European Resuscitation Council (2015 guidelines), проследени со hands-on работилница на фантом.

– Студентите покажаа прилично голем интерес за работилницата, што говори и нивната посетеност од преку 80 слушатели, распоредени во неколку групи. Најголем интерес се покажа за практичната hands-on работилница. Мој впечаток е дека генерално пости прилично голем интерес за ваков тип на работилници со оглед на тоа што се работи за идни доктори по медицина – изјави д-р. Марко Ѓоргон по одржаните работилници.

Настанот кој беше посетен од над 200 учесници беше спонзориран од Деканатот на Медицинскиот факултет“ Скопје како и голем број други фирми поврзани со здравјето на човекот во што свој придонес даде и Zan Mitrev Clinic.