Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Жан Митрев COVID-19 центар

Жан Митрев COVID-19 центар

ТЕСТОВИ ЗА ДЕТЕКЦИЈА НА SARS-CoV-2

Во нашата Лабораторија за Генетика и Персонализирана Медицина имплементирано e т.н. biosafety 2 ниво на сигурност (BSL2), а достапни се голем број различни видови тестови за детекција на SARS-CoV-2/COVID-19, сите акредитирани од Светска здравствена организација (СЗО).

RT-PCR тестот, со кој се одредува присуство или отсуство на генетски материјал од самиот вирус во испитуваниот примерок, е високо сензитивна метода, благодарение на која може да се детектираат и многу ниски концентрации на вирусот, односно истиот може да се детектира на почетокот или на крајот од инфекцијата.

Брзите антигенски тестови пак, се препорачуваат кај оние кои веќе имаат манифестација на симптоми карактеристични за COVID-19, бидејќи тие се помалку сензитивни од PCR тестовите.

Земањето на примероци т.е брисевите од нос и грло за PCR тестовите, како и назофарингијални брисеви за антигенските тестови, се врши во COVID-19 пунктот кој се наоѓа пред нашата клиника.

Анализите може да се направат и без претходно закажување.

Достапни се следните типови тестови:

Брз антигенски тест (резултати за 20-30 минути) – 1500 денари ЗАКАЖИ

Регуларен PCR тест (резултати истиот ден) – 2990 денари ЗАКАЖИ

Директен PCR тест – 1990 денари

Брз PCR тест (резултати за 50-60 минути) – 12 000 денари

ЛАБОРАТОРИСКИ ПАКЕТ ТЕСТОВИ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА СОСТОЈБАТА КАЈ COVID-19 ПАЦИЕНТИ

Инфекцијата со SARS-CoV-2 вирусот се карактеризира со широк спектар на различни симптоми кај различни пациенти, а воедно и со варијабилен степен на сериозност. Во многу студии утврдено е дека пациенти кои имаат тешка и сериозна клиничка слика имаат и зголемено ниво на некои лабораториски параметри, чие што следење може да даде увид во прогресијата на болеста и понатамошната насока на лекување. Поради ова сознание, создадовме COVID-19 пакет на лабораториски анализи наменет за позитивните пациенти во кој покрај сите основни биохемиски параметри – вклучена е и анализа на следниве маркери: d-dimers, feritin, interleukin 6 (IL-6), lactate dehydrogenase (LDH) и C-reactive protein (CRP). 

Цената на овој пакет изнесува 7200 ден, а добивате и бесплатно советување со лекар.

Примероци од крв за овие анализи се земаат во COVID-19 пунктот во Жан Митрев Клиник, без претходно закажување.

РЕНТГЕН (РТГ) СНИМАЊЕ НА БЕЛИ ДРОБОВИ

Со оглед на тоа дека SARS-CoV-2 вирусот кај многу пациенти предизвикува тешка и сериозна форма на пневмонија со препознатливи карактеристики, од исклучително големо значење е и следењето на таа пневмонија. РТГ снимките даваат увид во степенот на сериозност на пневмонијата и според тоа се поставуваат и дополнителни насоки за лекување. За да се направи РТГ снимање на белите дробови кај позитивен COVID-19 пациент во нашата клиника, потребно е претходно да се закаже истото, со цел да се организира целиот процес соодветно и да се избегне чекање.

Цената на ова снимање е 2000 ден. ЗАКАЖИ

ПРЕГЛЕД НА COVID-19 ПОЗИТИВНИ ПАЦИЕНТИ-COVID АМБУЛАНТА

Како резултат на варијабилната бројка на пациенти заразени со SARS-CoV-2 вирусот се наложува огромна потреба од достапност на лекарски прегледи за позитивните пациенти. Поради оваа причина во нашиот COVID-19 пункт во Жан Митрев Клиник присутен е лекар кој им стои на располагање на COVID-19 позитивните пациенти за преглед, проценка на состојбата, консултации, совети и насоки за лекување.

ЛЕКУВАЊЕ НА COVID-19 ПОЗИТИВНИ ПАЦИЕНТИ

Во клиниката е формиран специјален оддел наменет за интензивно лекување на позитивните COVID-19 пациенти кои имаат тешка клиничка слика и многу изразени симптоми. При хоспитализација во нашиот модерен и технолошки напреден центар, будно и континуирано се следат виталните параметри, лабораториските параметри и општата состојба на пациентите. Ваквиот начин на третирање на пациентите е со цел да се предвиди и превенира навремено евентуалната прогресија на болеста. Соодветната реакција и индивидуалниот пристап во лекувањето кај секој пациент  се базира на тековните веродостојни докази и водичи за лекување во научната литература. Приспособувањето на употребените методи на лекување во зависност од сериозноста на состојбата на пациентот може да варира од огсигенирачка и медикаментозна терапија, па се до хемофилтрација на крвта кај посериозните стадиуми на болеста.

ПОСТ-ИНФЕКТИВНО ТЕСТИРАЊЕ НА АНТИТЕЛА

Во нашата клиника воведени се тестови за антитела кои ја имаат највисоката специфичност и сензитивност од сите тестови на антитела за SARS-CoV-2 кои се воопшто достапни. Со нив се проверуваат нивоата на IgM и/или IgG SARS CoV-2 антителата.

Цената на тестот е 2500 денари.

COVID-19 пункт во населбата Скопје Север (наспроти Point Retail Park)