PresseSitemapFolgen Sie uns in den sozialen Medien    
TELEFON +38923091500

Барајќи спас за син ми најдов и за себе

My alt text

Кумановчанецот Александар Атанасовски (80) барајќи решение за здравствените проблеми на својот син непланирано го најде својот спас во Zan Mitrev Clinic. Вака накратко би се опишала нивната сторија која изминативе денови се одвиваше во нашата болница и заврши со успешен исход. По неколкумесечните проблеми што ги имал неговиот син Чедомир Атанасовски решиле да дојдат, како што велат, во најдобрата медицинска установа на Балканот и пошироко, т.е. во Zan Mitrev Clinic.

- Последните месеци забележав дека мојот син има здравствени проблеми кои од ден во ден се повеќе му го отежнуваат животот. Се поспоро се движеше, често чувствуваше замор а почна да има и големи отоци во стомакот и нозете. Јасно беше дека под итно треба да се јавиме на лекар. Не размислував многу и веднаш одлучив да отидеме во Zan Mitrev Clinic. На клиниката веднаш не примија како итен случај оти веќе и градите почнаа да му отекуваат - ни ја раскажува господин Александар својата најголема животна приказна кој извршила најголемо влијание во животот на нивното семејство.

Тој вели дека откако била извадена водата од телото на неговиот син била извршена итна операција која му го спасила животот.

- Добро е што дојдовме во болницата оти на мојот син му се заканувал инфаркт. Телото реагирало и ни давало сигнали дека нешто навистина не е во ред. Сè уште се каам за тоа како можевме сите ние да ја толерираме таа состојба со месеци а животот на мојот син висел на конец – низ солзи ни раскажува Атанасовски.

Операцијата на Чедомир поминала успешно и веќе сите се подготвувале да си го вратат дома кога Александар решил да направи преглед и на себе оти дел од симптомите кои ги забележувал кај синот повремено ги чувствувал и самиот тој.

Откако помина се како што треба со операцијата со син ми решив и јас да ја проверам мојата состојба и да направам коронографија. Медицинскиот персонал ме подготви и на закажаниот термин се појавив во салата пред апаратите каде што требаше да се направи процедурата. Некако чудно но токму тогаш почувствував огромна тежина и едноставно состојбата којашто ја чувствував некако потсвесно излезе на површина. Ми стана лошо по што докторите веднаш реагираа, ја завршивме процедурата и кај мене беше констатирано енормно високо затнување на крвните садови што неминовно бараше изведување на бајпас, еден, два или повеќе не знаев… - вели Атанасовски, на кој веднаш по прегледот му биле направени два бајпаса, состојба која за среќа била констатирана токму во болницата а со тоа бил избегнат ризик од додатни и непланирани компликации.

My alt text

Барајќи спас за мојот син го најдов и својот – со насмевка вели нашиот соговорник кој деновиве ќе замине во својот дом во значително подобрена здравствена состојба.

Заедно со синот ќе се опоравуваат а за многу кратко време целото семејство ќе се врати во нормалниот живот без заканите кои лебделе над нив од здравствен аспект.

Пред да го завршиме разговорот господин Александар не запира и ни вели дека сака да каже уште нешто. Веднаш започнува со својот говор кој се однесува на нашата болница.

- Знам дека можеби ќе речете дека ова е ласкање но сепак морам да кажам нешто. Болницава на доктор Жан Митрев е пример како треба да функционира еден систем. Верувајте, сум живеел и работел во Германија, и таму сум се лекувал но ваков систем, ваков тим, ваков амбиент нема ниту таму. Zan Mitrev Clinic наскоро ќе стане регионална болница број еден, само нека продолжи вака. Доктор Жан Митрев направи нешто толку позитивно и толку општочовечко што ниту државата не направи за сите овие години. Браво и благодарам – завршува Атанасовски отпоздравувајќи не со раката и закажувајќи ни уште една средба на првата контрола.