Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Искуства на наши пациенти

Назад до Искуства

23.02.2018

Избрав без размислување, бај-пас ќе направам во „Жан Митрев Клиник“

Животот знае да подготви изненадувања. Некогаш тие се добри а некогаш лоши. Често пати ние како луѓе не можеме да избираме што ќе ни се случи. Но, можеме да избереме што ќе преземеме откако нешто ќе ни се случи. Така е и со господин Михаило Ристески кој на 73 години дојде во „Жан Митрев Клиник“. За клиниката чул уште пред десетина години кога неговата сопруга ја имала првата интервенција тука. Се поминало како што треба и семејството продолжило да си го живее животот без никакви проблеми. Едноставно позитивното искуство од неговата сопруга влијаело на господин Михаило да ја избере токму нашата клиника за да ги реши своите здравствени проблеми кои се наталожиле во текот на животот. Успехот е забележлив и овој пат и тоа без никакво изненадување.

– Јас работев 40 години како просветен работник и тоа во спортскиот дел. Водев здрав живот но сепак животот е непредвидлив па морав да направам бај-пас за кој без размислување одлучив да го сторам во оваа клиника. Мојата сопруга помина прекрасно од секој аспект а сега тоа се повторува и со мене. Верувајте како да сум дома. Срдечноста со која настапува целиот медицински и помошен кадар е непроценлива. За доктор Жан Митрев немам зборови да му се заблагодарам за она што го прави тој тука. Секој ден не посетува и лично се грижи за состојбата на сите пациенти. Системот функционира беспрекорно во секој поглед – вели господин Михаило.

Михаило за 6 месеци ќе се јави на контрола во „Жан Митрев Клиник“ а до тогаш времето ќе го поминува на својата викендичка покрај Охридското езеро токму онака како што посакувал цел живот, се разбира со неговата сакана сопруга Вера.