PresseSitemapFolgen Sie uns in den sozialen Medien    
TELEFON +38923091500

Zan Mitrev Clinic меѓу студентите на „Интернационалниот медицински научен конгрес“

My alt text

Zan Mitrev Clinic повторно заедно со студентите во насока на предавање знаења и практики а со цел подобар, постручен медицински кадар во иднина. И оваа година екипи од нашата клиника учествуваа во 41-виот Интернационален медицински научен конгрес на Македонската медицинска студентска асоцијација. На овој конгрес којшто траеше од 12 до 15 мај во Охрид и којшто се смета за еден од најзначајните конгреси за студентите по медицина и млади доктори се претставија научни трудови од студентите а исто така беа застапени предавања и работилници одржани од реномирани професори од „Медицинскиот факултет“ Скопје, како и странски предавачи.

Работилницата организирана од Zan Mitrev Clinic опфати две предавања од страна на ВМС Весна Наумоска за историјатот на Basic life support и предавање од страна на Д-р Марко Ѓоргон за спроведување на Basic life support според последните препораки од European Resuscitation Council (2015 guidelines), проследени со hands-on работилница на фантом.

My alt text

- Студентите покажаа прилично голем интерес за работилницата, што говори и нивната посетеност од преку 80 слушатели, распоредени во неколку групи. Најголем интерес се покажа за практичната hands-on работилница. Мој впечаток е дека генерално пости прилично голем интерес за ваков тип на работилници со оглед на тоа што се работи за идни доктори по медицина – изјави д-р. Марко Ѓоргон по одржаните работилници.

Настанот кој беше посетен од над 200 учесници беше спонзориран од Деканатот на Медицинскиот факултет“ Скопје како и голем број други фирми поврзани со здравјето на човекот во што свој придонес даде и Zan Mitrev Clinic.

My alt text