Chirurgie
Стрес инконтиненција е состојба кога мочниот меур испушта урина во непредвидени моменти како на пример при некоја физичка работа при кашлањње, кивање и слично. Се јавува кога има оштетување на функцијата на мускули во малата карлица кои го контролираат актот на уринирање. Таа мускулна функција може да биде нарушена од пордување, повреда во таа регија, некои лекови, хируршки зафат во таа регија (оперативен третман на простат кај мажи). Почесто се јавува кај жени.
Дијагностика се поставува со преглед и извршување на некои тестови и инетервенции – цистоскопија, ехо дијагностика, мерење на рест урина, уринокултура, ртг со контраст, и сл. Третманот може да се модулира според клиничката слика и тежината на симптомите. Најчесто може да се започне со медикаментозен тратман со таблети кои го зголемуваат тонусот на мускулатурата и промена на навиките. Под тие промени се подразбира да се пијат помалку, а почесто течности, да се врши уринирање и при најмала дразба, да не се чека. Трчање и скокање на јаже се физички активности кои исто така делуваат на тонусот на целокупната мускулатура. Да се прекине со пушење цигари. Да се намали употребата на алкохолни пијалоци и пијалоци кои содржат кофеин. Да се намали телесната тежина и докилу пациентот е дијабетичар да го контролира нивото на шеќер во крвта во дозволени граници. Краен третман на оваа состојвба е хируршки третман. Тој може да биде:
- Реконструкција на предниот зид од вагината
- Поставување на помошен свинктер
- Инјектирање на колаген
- Ретропубична суспензија на мочниот меур и уретрата
- Поддршка на мочниот меур и уретрата со помош на еластични материјали
- Вагинални поддржувачи на уретрата
Циркумцизија
Пенисот е машки полов орган, кој како и и другите органи во човековото тело, може да биде зафатен со различни болести од кои некои бараат оперативен третман. Започнувајќи од најрана детска возраст па се до старечката доба болести на пенисот кои се решаваат хируршки се:
Фимоза – Тоа е состојба во која има отежнато или комплетно неможно повлекување на кожата преку главата на пенисот. Може да се јави кај кај сите возрасни групи, како вродена состојба, или како стекната најчесто поради лошо одржување на хигиената.
Оперативното лекување на фимоза е Циркумцизија – постапка со која се обрежува целата кожичка и истата комплетно се отстранува со што главата на пенисот останува слободна.
Хипоспадија
Хипоспадија – Тоа е вродена аномалија на машкиот полов орган кога уретрата се отвара на долната страна на пенисот, а не на врвот. Се лекува исклучиво хируршки, со реконструкција на уретрата.
Еписпадија
Еписпадија – Тоа е вродена аномалија на машкиот полов орган кога уретрата се отвара на горната страна на пенисот, а не на врвот. Се лекува исклучиво хируршки со реконструкција на уретрата.
Kурватура на пенисот
Kурватура на пенисот – Закривување на пенисот на една страна е состојба која обично се препознава во пубертет. Пенисот е со нормален изглед, но во ерекција завзема положба со накривување на една страна. Се лекува исклучиво оперативно со пликација на туника албугинеа.
Нефректомија
Нефректомија (отстранување на бубрег- кај нефункционален и тумор на бубрегот),Третманот на повеќето видови рак на бубрег започнува со отстранување на примарниот тумор во операција која се нарекува нефректомија. Намената на операцијата е да се острани примарниот тумор и ткивото во бубрегот кое е зафатено. Дури и доколку ракот веќе с
Tрансвезикална простатектомија
Tрансвезикална простатектомија или отворена простатектомија е избор на операција во случаи кога постои зголемување на простатата, и истата е многу голема (на пр. повеќе од 80gr.) Ова зголемување на простатата се вика бенигна хиперплазија на простата или БХП. Кај овие мажи трансуретрална операција не е безбедна. Со Трансвезикална прост&
Циркумцизија (операција на фимоза)
Циркумцизија (операција на фимоза) Фимоза е состојба која презивикува болка при повлекување на кожичката на пенисот. Се појавува кај момчиња и мажи кои немаат направено циркумцизија (отстранување на кожичката на врвот на пенисот). Доколку се повлекува кожичката насилно, може да настане оштетување на истата. Фимозата е вообичаена з
Отстранување на тестис заради тумор на тестисот
Отстранување на тестис заради тумор на тестисот (орхифуникулектомија) Орхиектомија (исто така наречена Орхидектомија) преставува хируршка процедура при која се врши отсранување на еден или двата тестиса поради третман на канцер или пак други причини, намалување на тестостерон. Оваа процедура е најчеста во третманот на тумор на m
Хидроцела на тестис
Хидроцела на тестис преставува физиошка акомулација на течност околу тестисот, која предизвикува оток во скротумот. Хидроцела е честа кај новороденчиња и најчесто исчезнува без третман во текот на првата година. Постари момчиња или возрасни мажи може да развијат хидроцела како резултат на инфламација или повреда во скротумот. Х
Вовед
Ендоскопската операција е минимален инвазивен пристап во кој уролошките хирурзи користат малечка видео камера (ендоскоп) и специјализирани хируршки инструменти прикачени на ендосkопот за работа на мочниот меур, мочните канали и бубрезите.
Ендоскопска операција за уринарни камења
Ендоскопска операција за уринарни камења се изведува со примена на ендоскопски техники кои се нарекуваат цистоскопија, уретроскопија и перкутана ендоскопија. Уретроскопот е специјализиран, многу долг, тенок ендоскоп кој носи малечка телескопска камера и специјализирани хируршки алати. За да ги третираат камењата, докторите гl
Ендоскопска операција за рак на мочен меур
Ендоскопска операција за рак на мочен меур Формата на третман на рак на мочен меур наречена површен транзиционен клеточен карцином со ендоскопска операција која се нарекува трансуретрална ресекција. Со примена на ендоскоп кој се нарекува цистоскоп, хирурзите го лоцираат туморот во мочниот меур и го отстрануваат со мала жичена ј&#
Бенигното проширување на простатата
Бенигното проширување на простатата мажите во нивните средни и подоцнежни години честопати доживуваат блокирање на уринирањето кое се случува кога простата се зголемува, што инаку е познато како бенигна хиперплазија на простата (BPH). Ова е најчестата абнормалност која влијае на простатата. Тоа е сосема бенигна состојба и не е поврз