
Конференциска сала и ресторан
На третиот кат во болницата функционира Аудиториумот, простор кој е проектиран и уреден со соодветна техничка опрема за организирање на различни настани. Просторот е поделен на два дела, едниот е голема конференциска сала со амфитеатарски распоред, опремена со високософистицирана видео и аудио опрема, со капацитет до 100 слушатели. Покрај организирање на научни собири, предавања, презентации, работилници, прес-конференции, салата е атрактивна за изнајмување од надворешни лица за организирање на нивни настани. Предноста на просторот е како во современите услови за работа и во можноста за користење на услугите (кафе пауза, ручек, коктел) од ресторанот, кој е исто така на овој спрат.
Аудиториумот е можност да ги организирате Вашите настани во современи услови:
- Капацитет до 100 седишта
- Видео ѕид од 4x47"
- Безжично озвучување
- Модерно осветлување
- Техничка поддршка
- Кетеринг/ресторанска услуга
- Паркинг простор
- Обезбедување
Фармацевтски компании и претставништва, установи од областа на медицината, невладини организации, бројни компании биле наши клиенти. Посебен интерес за организирање на одбрана на нивните научни трудови имаме и од дипломци, магистранти кои овде ја прават и прославата со кој заокружуваат едно животно поглавје.
Во согласнот со Вашите потреби и тип на настани, искусниот тим од ресторанот може да ви понуди и подготви повеќе видови на менија подготвени според HACCP стандардoт.