PresseSitemapFolgen Sie uns in den sozialen Medien    
TELEFON +38923091500

Was für eine Anästhesie?

Анестезиологијата е гранка на медицината чија што цел е обезболување на пациентите, поточно нивна предоперативна подготовка, обезболување во тек на оперативната постапка и постоперативно третирање на болката. Исто така анестезиологијата се занимава со следење и лечење на хомеостатските перфузиски нарушувања во организмот поврзани со хируршките и нехируршките страдања. Заради ова анестезиологијата е тесно поврзана со реанимацијата и интензивното лекување, како и справување со итни, ургентни состојби.

Зборот анестезиологија потекнува од грчкиот збор anaesthesiologia, односно an=не, esthesia=осет и logia=наука. Под поимот анестезија се подразбира вештачки предизвикана состојба на нечуствителност на целото тело или само на некој дел (општа или регионална анестезија).