Bypass-Chirurgie
- Вашиот доктор ќе земе крвен сад од градниот кош или од вашата нога.
- Едниот крај од крвниот сад се прицврствува за вашата аорта (најдолемиот крвен сад кој излегува од срцето), а другиот крај се прицврстува на коронарната артерија под точката каде што е блокирана.
- Сега може да се оствари проток на крв низ новиот канал до срцето.
- Може да имате повеќе од еден артериски бајпас направен, зависно од тоа колку артерии се блокирани.
- Ќе спиете во текот на операцијата, која трае отприлика 3-6 часа.
- По операција ќе бидете сместени на одделот за интензивна нега неколку дена.
- Вашата фамилија ќе може на кратко да Ве посетува на одделот за интензивна нега.
- Ќе се разбудите на одделот за интензивна нега и може ќе се чуствувате најпрво збунети
- Секогаш е динамично на интензивна нега и секогаш светлата се приклучени. Нормално е да изгубите осет за времето.
- Ќе имате црево во устата и грлото кое ќе ви помага да дишете. Не е удобно и нема да може да зборувате, но сестрите ќе ви помогнат да комуницирате.
- Цревото за дишење ќе остане додека не почнете самостојно да дишете – неколку часа.
- Ќе бидете приклучени на машини за мониторирање на вашиот срцев ритам и крвниот притисок во текот на првите 12 до 24 часа.
- Ќе бидете преместени во болничка соба.
- Ќе чуствувате изнемоштеност и болки.
- Ќе се потите навечер.
- Ќе ви бидат дадени лекови.
- Ќе треба да дишите длабоко и да кашлате силно за да се чистат вашите бели дробови од течности.
- Ќе почнете да се движите и да одите речиси веднаш.
- Може да јадете нормално и ќе се чуствувате подобро секој ден.
- Разговарајте со вашиот доктор, сестра или друг медицински персонал.
- Станете дел од нашиот клуб на пациенти. Со ова ќе имате можност да се запознаете со повеќе медицински прашања и да ги споделите вашите искуства со други пациенти.