Eine halb-intensive Pflege
Сите пациенти после соодветниот оперативен зафат и по одвикнување од машина за дишење, се трансферираат на Одделение за Полуинтензивна нега и кардиологија каде се надгледува и обезбедува комплетното опоравување на пациентот.
Медицински третман, грижа, нега и рехабилитација кои осигуруваат комплетното опоравување на пациентот после операција. Во нив спаѓаат :
1. Секојдневни интернистички прегледи со континуирано иследување на виталните параметри на болните .
2. Доцна невролошка евалуација кај пациенти под висок ризик од невролошки збдинувања ( пациенти со болести на васкуларното корито) .
3. Ехокардиографски преглед – постоперативна процена и документирање на бенефитот од оперативниот зафат врз срцето преку томографска евалуација на срцевата структура и функција .
4. Ехотомографија на торакс- томографско иследување на белдоробните покривки-места каде послеоперативно се колектира слободна крвава содржина
5. Континуирна електрокардиографија – континуирано иследување на срцевиот ритам и послеоперативни комликации на ниво на срцевиот спроводен систем
6. Континуиран мониторинг на Крвниот притисок
7. Рана евалуација на белодорбниот статус – трентгенограм на бели дробови, спиромтреија, артериски гасни анализи.
8. Едукација на пациентот и семејството за ризик факторите кои допринеле за појавата на соодветното заболување и начини за корегирање на тие фактори.
Кај послеоперативни пациенти се вршат слениве постапки:
А. Оптимизација на кардиопротективна, антихиптренизвна, анелгетска терапија на кардиохируршки пациенти.
Б. Најсовремен третман на послеоперативни срцеви аритмии.
В. Соодветна антиагрегрантна, антикаогулантна терапија базирана врз хајсофистицирани хематолошки иследувања.
В. Плеврална пункција – метода со која инвазивно се отстранува количество течност од белодорбните покривки.
Г. Рани физиотерапетски постапки за рана мобилизација на пациенти.
Д. Најсовремен третман на оперативни рани.
Ѓ. Полуинвазивни методи за подобрување на послеоперативната белодоробна функција ( CPAP,NIPPV).
E. Послеоперативна терапија базирана на најновите препораки на референтните светски кардиоваскуларни и кардиохируршки опшества ( AHA,ACC,STS, ESC), терапија базирана врз принципот – помалку е повеќе.
Најсовремена евалуација и третман на болсети на срцето, болести накрвните садови на вратот и нозете,болести на респираторниот систем, ортопедски болести, гастроинтестинални и уролошки заболувања:
1. Евалуација и третман на есенцијална хипертензија и итни состојби поврзани со високиот крвен притисок ( хипертензивни кризи со оштетување на target органи како бубрези, мозок, срце – преку континуирано мониторирање на крвниот притисок се ординира оптимална терапија и содветна титража на лекови .
2. Регулација и модификација на ризик фактори за појава на атеросклеротски заболувања ( каротидна болест, коронарна артериска болест, периферна артериска болест ) – преку менаџмент на нарушувања на мастите во крвта, нарушувања на вредностите на гликемијата, соодветни диети за намалувања на дебелината, соодветни рехабилитациони програми за во домашни услови…
3. Конезрвативен треман на болести на големите крвни садови ( пр. дисекција на аорта, проширување на аорта), кај кои е контраиндициран хируршки третман со содветно регулирање на крвниот притисок и лишување на пациентот од болка .
4. Третман на акутен коронарен синдром и евентуални рани и доцни компликации ( фибринолитична терапија, пласирање на линии за инвазивен мониторинг и изготвување на програми за рехабилитација и оптимизација на регимен на лекови за секундарна превенција од кардиоваскуларни заболувања) .
5. Евалуација и третман на заболувања на спроводниот систем на срцето (аритмии) – 24 часовен ЕКГ мониторинг, конзервативен третман, кардиоверзија.
6. Третман на акутно ( брзо) или хронично срцево попуштање – низа од прегледи и процедури преку кои се обезбедува терапија кој создава идеални услови за срцевата работа, како и лекови кои ја подобруваат моќноста на срцевиот мускул.
7. Конзервативен третман на болести на периферната циркулација, како и третман на хронични рани од исхемично потекло.
8. Плеврална пункција – метода со која се отстранува количество течност од белодорбните покривки.
9. Пласирање на перкутан торакален дрен за евакуација на поголема течна содржина од костофреничните синуси или за евакуација на воздух при пнеумоторакс кое претставува животозагрозувачка ситуација и налага итна интервенција.
10. Пласирање на перкутан дрен абдоминално за евакуација на поголема количина асцитна течност.
11. Полуинвазивни методи за подобрување на белодорбна функција( CPAP, NIPPV)
12. Мултидисциплинарен пристап во лекувањето на цереброваскуларни заболувања
13. Рани физиотерапетски постапки за рана мобилизација на пациенти.
14. Најсовремен третман на рани
15. Озон терапија
16. Третман на разни интенистички заболувања ( животно загрозувачки состојби), како што се крвавечки чир на дванаесетпалачно црево, акутна белодорбна слабост, метаболни нарушувања, акутна бубрежна слабост…