INVASIVE
Перирадикуларна терапија е минимално инвазивна терапевтска процедура – апликација на лек со помош на многу тенка игла во неурофораменот на вратниот или лумбосакралниот дел од рбетот, кај пациенти со дискус хернија која што причинува радикулопатија (лумбоишиалгија односно цервикобрахијален синдром). Интервенцијата (третманот) се врши кај пациенти кај кои конзервативниот третман не помага. Третманот доведува до моментално обезболување, а го намалува и локалниот оток и ја смирува локалната воспалителна реакција која се појавува кај дискус хернијата. Понекогаш е потребно повторување на третманот после 2-3 недели, но повторната појава на симптомите вообичаено не е со ист интензитет како претходно. Процедурата се изведува амбулантски, под контрола на КТ, трае околу 20-30 минути, после што пациентот се задржува уште половина до еден час и си оди дома.
Опис на интервенцијата:
- се стерилизира регијата од интерес,
- се пунктира со многу тенка игла под контрола на КТ,
- се вбризгува локален анестетик и кортикостероид со долготрајно дејство,
- се поставува преврска со мала газа,
- се задржува пациентот околу половина до еден час и се пушта дома истиот ден.
Емболизација на варикоцела е интервентна радиолошка процедура со чија помош транскатетерски се вбризгува емболизационен материјал и се емболизира варикозната сперматична вена. Интервенцијата трае околу еден час, истата е замена за операција, но за разлика од операцијата, таа се изведува само со локална анестезија и е минимално инвазивна процедура после која пациентот си оди дома истиот ден.
Вовед
Кога со преглед со ултразвук ќе се открие сомнителна абнормалност на градите, докторот може да избере да изврши биопсија водена со ултразвук. Биопсијата на гради водена со ултразвук користи звучни бранови за да помогне да се лоцира грутка или абнормалност и да отстрани примерок од ткиво за преглед под микроскоп. Ова е помалку инвазивна постапка од биопсија, остава мала лузна или воопшто не остава лузна и не вклучува изложување на јонизирачка радијација.
Подготовка
Треба да носите удобна, комотна облека за Вашиот преглед со ултразвук. Можеби ќе треба да ја отстраните целата облека и накитот во делот кој треба да се прегледа. Пред биопсија со игла, треба да му кажете на Вашиот доктор за сите лекови кои ги земате во моментот, вклучувајќи билни додатоци и да го известите доколку имате какви било алергии, особено во однос на анестезија. Вашиот доктор може да Ве посоветува да прекинете да земате аспирин или антикоагулант, три дена пред процедурата. Исто така информирајте го Вашиот доктор за неодамнешни болести или други медицински состојби. Можеби ќе сакате некој роднина или пријател да Ве придружува и да Ве одвезе дома потоа. Ова се препорачува доколку сте биле под седативи.
За време на процедурата и потоа
Ќе бидете позиционирани во лежечка положба со лицето свртено нагоре на масата за преглед или ќе бидете свртени малку настрана. Во градата ќе биде инјектиран локален анестетик за да предизвика вкочанетост. Со притискање на сондата кон градата, стручното лице кое работи со сонограф или радиологот ќе ја лоцира лезијата. На кожата се прави многу мал засек на местото каде што треба да се внесе иглата за биопсија. Радиологот, кој го следи местото на лезијата со сондата за ултразвук, ќе ја стави иглата и ќе ја пренесе директно кон масата. После земање на овој примерок, иглата ќе биде отстранета. Штом биопсијата биде завршена, ќе биде нанесен притисок да за се прекине какво било крварење и отворот на кожата се покрива со преврска. Не се потребни конци. Оваа процедура обично се врши во рок од еден час. Ќе бидете будни за време на биопсијата и веројатно ќе имате мала непријатност. Повеќето жени кажуваат дека почуствувале мала болка или воопшто не почувстувале болка и немале никакви лузни на градата. Доколку забележите оток и модринки после биопсијата, можеби ќе Ви дадат инструкции да земете аналгетик кој се зема без рецепт и да користите ладна облога. Привремената лузна е вообичаена. Треба да го контактирате Вашиот лекар доколку забележите прекумерен оток, крварење, истекување, црвенило или топлина во градата. Треба да избегнувате напорна активност 24 часа после биопсија. После тој временски период, вообичаено ќе можете да продолжите со нормалните активности.
Ризици
- Не постои ризик од крварење или формирање хематом или насобирање крв на местото на биопсијата. Сепак ризикот изнесува помалку од еден процент од пациентите.
- Која било процедура каде што се врши продирање во кожата носи ризик од инфекција. Можноста за инфекција за која е потребен третман со антибиотици е помала од 1 во 1.000.