Закажете преглед

Закажи преглед

389 2 3091500

Тимот на Жан Митрев

Назад до Доктори

Академик проф. д-р Живко Попов

Хирург уролог и трансплантолог

Место на раѓање:

Кавадарци, Македонија

E-mail:

zhivko.popov@zmc.mk

УНИВЕРЗИТЕТСКИ ДИПЛОМИ:

1976 Доктор на медицина (M.D.), Медицински факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје
1983 Специјалист  хирург-уролог,   Медицински  факултет,  Универзитет  “Св. Кирил и Методиј”
1994 Диплома за продлабочени студии во хирурушките науки (Diplome d’etudes approfondies  en  sciences chirurgicales,     D.E.A.),  Опција:  Канцерологија Универзитет  Париз  V  Rene  Descartes,  Франција, Теза:  “Проценка на пролиферацијата и прекумерната експресија    на    протеинот 53 при канцерот на мочниот меур: прогностичка  вредност” ментор, проф. Didier Houssin
1990 Докторска дисертација (Ph.D.): Медицински факултет, Универзитет “Св. Кирил   и   Методиј”   Скопје,   Теза:   “Проценка   на   реактивноста   на локорегионалната туморска лимфаденопатија и улогата на лимфаденектомијата во дијагностиката на урогениталниот канцер“ ментор проф. др. Благој Бадиев
1998 Докторска  дисертација  (Ph.D.):  Универзитет  Париз  V  Rene  Descartes Франција Теза: “Молекуларни маркери на канцерот на мочниот меур: прогностичка вредност” ментор, проф. др. Dominique K.Chopin
2011 Европска диплома за трансплантациона хирургија (и член на Европскиот Борд по Хирургија-FEBS)

КЛИНИЧКИ ТРЕНИНГ:

1979-1983 Специјализација по урологија: Уролошка Клиника – Медицински факултет Скопје; Институт за Урологија и Нефрологија, Медицински факултет, Белград и Уролошка Клиника, Клинички Центар Љубљана.
1985 Mayo Clinic, Medical Faculty, Rochester, Minnesota, САД (Проф. W. L. Furlow).   Тримесечна   специјализација   за   употребата   на   протези   во урологијата, пенисната хирургија, лимфните дисекции кај урогениталниот канцер и други големи хируршки процедури
1985-1986 Centre Hospitalier Universitaire (CHU) Henri   Mondor,    Faculte   de Medecine, Creteil, Universite Paris XII Val de Marne, France, (Service d’Urologie, Prof. J. Auvert, Prof C.C. Abbou): Универзитетски сертификат за едногодишна специјализација по трансплантациона хирургија. (Service de Nephrologie: Prof. G.Lagrue, Prof. Ph.Lang):
1985 Centre Medico – chirurgical FOCH, Paris, France (Service d’Urologie, Prof. M. Carney): 4 месечна суплементарна едукација во полето на уролошката онкологија,   радикалните   цистопростатектомии   и   субституцијата   на мочниот меур
1992-1994 CHU  Henri Mondor  Service d’Urologie, (Prof. C.C. Abbou);  Centre De Recherches   Chirurgicales,   (Prof.   D.K.Chopin),   Faculte   de   Medecine,   Creteil, Universite Paris XII Val de Marne, France: Двегодишна суплементарна едукација во полето на бубрежната и мултиорганска трансплантација, уролошката онкологија (радикални хируршки процедури со реконструктивни зафати), како и научно-истражувачка работа во полето на имунологијата на урогениталниот канцер
2000-2002 Два студиски престоја во АКХ болницата во Виена кај prof. Michael Marberger
2003 Студиски престој во Универзитетот во Тел Авив кај prof. Amram Ayalon
2005-2007 Да студиски престоја кај проф. Урс Студер во Универзитетот во Берн, Швајцарија (посветени на хирургијата на урогениталниот канцер и лапароскопската хирургија).

АКАДЕМСКИ НАИМЕНУВАЊА:

  • Универзитетски   клинички   шеф по уролошка   хирургија, CHU   Henri Mondor,   Faculte de Medicine Creteil, Universite Paris XII, Val de Marne, France. (1993 -1994).
  • Редовен Професор по хирургија на Медицински Факултет, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ Скопје, Р.Македонија (два реизбора). Наставник на медицинскиот факултет во Скопје од 1991 година.
  • Универзитетски поканет професор по Уролошка хирургија на CHU Henri
  • Mondor, Faculte de Medicine Creteil, Universite Paris XII, Val de Marne, France. (1997 -1998; 1998 -1999; 1999 – 2000; 2001; 2003).
  • Редовен член на Македонската Академија на Науки и Уметности – МАНУ (2009)

БОЛНИЧКИ НАИМЕНУВАЊА:

  • Член на Федералната Комисија за Трансплантација при Сојузното Министерство за здравство, Белград, Југославија. (1991).
  • Шеф и основоположник на Центарот за трансплантација на бубрези при Уролошката клиника, Клинички Центар Скопје (1996-2012). (изведени над 265 трансплантации на бубрези од жив дарител меѓу кои 23 кадаверични.
  • Координатор на хируршките Клиники, Клинички Центар, Скопје. (1996-97; 1999-2002).
  • Национален    координатор    и    шеф    на    “Македонија    трансплант”, (координативно  тело   за   трансплантација   на   органи  и   ткива),   при Министерството за здравство на P.M. (2002 -2011).
  • Директор на Универзитетската клиника за урологија, Клинички Центар, Скопје (1995-97;    1999 – 2002) (2006 -02/2012).

НАУЧНИ АСОЦИЈАЦИИ:

  • Интернационално    Здружение    по    Урологија   (Societe   Internationale
  • d’Urologie – SIU), (1995 -). Национален Делегат (1998 – 2012).
  • Европска Уролошка Асоцијација – EAU (1998 -).
  • Европско Здружение по Уролошка Онкологија (член и претставник за
  • Источна Европа во Бордот на Здружението) (2002 – 2006).
  • Член на Американската Уролошка Асоцијација (AUA) (2006-)
  • Здружение за трансплантација на франкофонските земји (Societe Fancophone de Transplantation) (2006-)
  • Европско Здружение за трансплантација на органи – ESOT (2010)
  • Македонска Уролошка Асоцијација (Претседател 1999-2002, 2010-)
  • Претседател и организатор на Првиот Македонски Уролошки Конгрес во Соработка со Европската Уролошка Асоцијација –EAU (2002) во Охрид и на 7-от Конгрес на Уролозите на Југоисточна Европа (2011) во Скопје.

НАЦИОНАЛНИ И МЕЃУНАРОДНИ НАГРАДИ:

2000 Републичка награда “11 Октомври” за достигнувања во полето на хирургијата и трансплантацијата на бубрези, Скопје.
2002 Орден за придонес на Француската култура и наука: “Академска палма” (Chevalier dans I Ordre des Palmes Academiques) co декрет на Премиерот на Република Франција.
2007 Награда “13 Ноември” на град Скопје за особен придонес во развојот и меѓународна афирмација во доменот на уролошката хирургија и трансплантацијата на бубрези во градот Скопје.
2010 Државна награда “23 Октомври“ за достигнувања во областа на хирургијата и науката.

ГРАНТОВИ И ПРОЕКТИ:

  • Член на Истражувачката група за Урогенитални тумори при 12тиот Париски универзитет. (директор: Prof. D.K.Chopin); (1992 – 2005) од каде произлегуваат   голем број на публикации во списанија со висок импакт фактор.   Иницира,   зема учество и координира повеќе проекти за клинички и фундаментални научни истражувања од областа на урогениталните тумори и нивната имунологија со посебен акцент на молекуларните маркери на канцерот на мочниот меур.
  • 2007-2009. Грант од Шестата Рамковна Програма за истражување, технолошки развој и демонстрација на Европската комисија со работен наслов: Интеграција на ДНК, РНК и протеински маркери во прогнозата и дијагнозата на карциномот на мочниот меур. Набавена опрема за основање на банка за урогенитален канцер (главен истражувач за Република Македонија и национален претставник во конзорциумот на проектот.).

НАСТАВНА ДЕЈНОСТ И ЕДУКАЦИЈА НА КАДРИ:

  • Универзитетски поканет професор (Professeur Invite des Universites) на XII Париски Универзитет Baa де Марне, Медицински Факултет, Кретеј, Франција, со полно работно време по четири месеци годишно, во текот на универзитетските години, 1997/1998; 1998/1999; 1999/2000, и по еден месец годишно во годините 2001 и 2003.
  • За време на овие престои активно е вклучен во изведувањето и менторирањето на студиите за стекнување на универзитетска диплома за продлабочени знаења во хируршките науки (Д.Е.А.)

ПУБЛИЦИСТИЧКА ДЕЈНОСТ:

  • Три мемоари од кои две за докторски дисертации и една за продлабочени знаења по хируршки науки, извештаи за научно истражувачки проекти, едитор на бројот 5 од 2000 година во реномираното француско научно списание Annales d”Urologie, посветен на бубрежната трансплантација.
  • Автор и коавтор на 172 иаучни и стручни трудови, со вкупно 48 публикации индексирани на MEDLINE и со преку 320 цитирања во интернационалниот индекс

Дијагностички процедури

  • Комплетна уролошка дијагностика со ултразвук на уринарен тракт
  • Урофлоуметерија
  • ТРУС биопсија на простата

 

Интервентни процедури

  • Цистоскопија
  • Поставување на Ј-Ј сонди
  • Бужирање
  • Катетеризација на мочен меур
  • Инстилација на лекови во мочен меур

 

Оперативни процедури

  • Ендоскопски интервенции
    • Уретротомија интерна
    • Трансуретрална ресекција на тумор на бешиката
    • Трансуретрална ресекција на простата
    • Уретерореноскопија со литотрипсија (кршење на камен во мочовод – ендоскопски
  • Класични (отворени) операции
    • Трансвезикална простатектомија(класична операција на бенигно зголемување на простата),
    • Нефректомија(отстранување на бубрег- кај нефункционален и тумор на бубрегот)
    • Циркумцизија (операција на фимоза)
    • Хидроцела на тестис
    • Отстранување на тестис заради тумор на тестисот (орхифуникулектомија) .