Медицинска опрема
- Магнетна резонанца модел Inginia Дијагностичкиот центар во Клиничка болница “Жан Митрев“ располага со магнетна резонанца која овозможува прецизен приказ и детекција на сите промени на внатрешните органи кои се невидливи со други дијагностички апаратури. Магнетна резонанца Инигниа е безжичен и безшумен систем. При снимање пациентот добива комфор и скратење на прекин на дишење во тек на иследувањето, музички и светлосен амбиент со цел пациентот да биде порелаксиран и да не чуствува страв. Овој апарат е 100% безбеден за деца и бремени жени бидејќи не употребува зрачење ни контрасно средство.
- Компјутерски томограф модел ICT - 256 слоен Софтверските можности на апаратот овозможуваат обработка на многу дијагностички процедури за краток временски период. ICT – 256 slice е лидер во индустријата на дијагностички апаратури кои овозможуваат брза дијагностика со прецизни 3Д испитувања на целото тело, компјутерски водена биопсија, прецизна дијагностика на твди и меки плаки на коронарните артерии. Ова технологија овозможува врвен квалитет на снимањето користејќи iDose4 за подобрување на резолуцијата на сликата. Користи најниска радијациска доза, екстремна ротациска брзина koja значително го скратува времето на снимањето. Докажана платформа која се користи врвни дијагностички центри во светско ниво.
- АНГИОГРАФ модел Allura Clarity Ангиографот имаат можност за зголемен квалитет на слика, моќна цевка и генератор, подобрен спектар на филтрирање. Јасната слика овозможува прецизно снимање и на најмалите крвни садови. Со нив покрај сите видови на дијагностички и интервентни васкуларни процедури, се изведуваат инванзивни гастроентерохепатолошки, пулмолошки и невролошки интервенции.