ПресВработувањеМапа на сајтотСледете не на социјалните медиуми    
ТЕЛЕФОН 02-3091500

Безболно хируршко решавање на хемороидална болест (ХАЛ)

My alt text

Единствено во Жан Митрев Клиник - безболно хируршко решавање на хемороидална болест (ХАЛ)

Хемороидалната болест е болест на модерното време. Покрај генетска предиспозиција, прехранбените навики и начинот на живеење придонесуваат за 50% од популацијата од средна и постара возраст да имаат повремени или зачестени тегоби од хемороидалната болест. Симптоми на хемороидалната болест се: јадеж, перианален дерматитис, чувство на печење во анусот, тромбоза (згрутчување) во хемороидалниот чвор, болка (посебно при дефекација), воспалителни промени во хемороидалните чворови, крвавење, пролапс на хемороидите низ анусот. Со цел успешно решавање на болеста, во ЖАН МИТРЕВ КЛИНИК се воведе најефискасната метода за решавање и лекување на хемороидалните чворови - ХАЛ. Екслузивна и единствена метода во Македонија, препознатлива за прим. д-р Мане Хаџи-Манчев, спец. општ хирург, кој е дел од тимот на ЖАН МИТЕВ КЛИНИК. До сега, прим. д-р Хаџи-Манчев има направено околу 280 успешни операции применувајќи го овој златен стандард за решавање и лекување на хемороидалните чворови.

ХАЛ е метода која претставува доплерско водење на подврзување на хемороидалните артерии, со која во најголем број случаи трајно и со минимална непријатност се лекуваат зголемени хемороидални чворови. ХАЛ е нова инвентивна хируршка метода со која се решава причината за настанување на зголемен хемороидален чвор. Оперативната интервенција трае околу 60 минути во зависност од бројот на артерии кои се потребни да се подврзат. По краткото постоперативно следење, во траење од максимум 24 часа, пациентот може да си оди дома. Голем број од оперираните може да се вратат на секојдневните активности веќе за 7 дена. Потполно заздравување на оперираните пациенти е после 6-8 недели.

Илјадници успешно оперирани пациенти ширум светот и многу компаративни хируршки студии покажуваат дека ХАЛ е моментално златен стандард за решавање и лекување на хемороидалните чворови.