ПресВработувањеМапа на сајтотСледете не на социјалните медиуми    
ТЕЛЕФОН 02-3091500

Д-р Митрев не ми е само доктор, туку и мој добар пријател

My alt text

Блаже Соколов (75) кој веќе 51 година живее во Германија е долгогодишен пациент на д-р Жан Митрев. Прв пат се запознале во 1999 година, кога д-р Митрев му направил операција на срце со 4 бајпаса во Универзитетската клиника во Германија.

„Од тогаш до денес сме во постојана комуникација, тој е мојот доктор од доверба, како и добар пријател. Празници не пропуштаме да си честитаме, дали јас или тој, тука сме да се потсетиме дека нашето пријателство е цврсто“, вака зборуваше Соколов кој беше дојден од Германија за да направи детален специјалистички преглед на дебелото црево во Жан Митрев Клиник откако таму му дијагностицирале проблем. 

Не им верувам на тамошните доктори, а и не можев многу да чекам за да ми направат дополнителни и детални прегледи па затоа и веднаш се обратив кај д-р Митрев. Откако му објаснив за што станува збор се договоривме да дојдам во неговата болница. Ете, сега сум тука и знам дека сум во вистински раце“, дополни Соколов.

Пред да отиде на специјалистички преглед поразговаравме за неговиот животен пат и како им се сретнале патиштата со д-р Митрев.

Хуморот и ведрината препознатливи за кавадарчани, ги потврди и Соколов, па дури и проблемите со здравјето ги гледаше низ таа призма.

„Нашето дружење со д-р Митрев е од 1999 година кога поради проблемите со срцето барав кардиохирург кој успешно би го оперирал. Во комуникација со одредени сонародници од Македонија ми кажаа дека во Универзитетската клиника во Франкфурт има еден нашинец, „доктор со златни раце“, д-р Жан Митрев. Тогаш првпат слушнав за него, а кога го запознав знаев дека сум во вистински раце, но и дека нашата релација нема да биде само доктор-пациент. Тој е мој многу добар пријател“, се сеќаваше на времето пред 19 години.

Од тогаш до денес тој немал никакви проблеми со срцето, но правел редовни контроли на 6 месеци и еднаш годишно коронарографија. Сегашниот проблем со дебелото црево ќе го решава во Жан Митрев Клиник и вели дека овде е посигурен во стручноста на докторите. Соколов се потсети и на деновите од детство во Кавадарци, на одлуката да замине да живее во Германија, како и на животот таму, но и врската со корените, со родниот крај и роднините и пријателите кои му се во Македонија.

My alt text