ПресВработувањеМапа на сајтотСледете не на социјалните медиуми    
ТЕЛЕФОН 02-3091500

Дедо Мраз и кај нас

My alt text

Последните денови од годината се резервирани и за најмалите… Над 200 деца на вработените од Жан Митрев Клиник добија пакетчиња од Дедо Мраз, а тој ги слушаше нивните желби за Новата Година… Таблет, ховерборд, телефон, плејстешн, велосипед, часовник, копачки, ранче, беа желбите на поголемите деца, а помалите пак, со поскромни желби за пакетче, сликовница, боенка…

После тоа, следуваше и фотографирање со Дедо Мраз и меѓусебно дружење, вистинска предновогодишната атмосфера во болницата.

Нека сите желби им се реализираат, и насмевките и радостите да им бидат секојдневие!

Среќна Нова Година!

My alt text

My alt text