ПресВработувањеМапа на сајтотСледете не на социјалните медиуми    
ТЕЛЕФОН 02-3091500

Доктор Жан Митрев со мотивирачки пораки до студентите во родниот Штип

My alt text

На третиот настан од акцијата „Нахрани го својот ум“ („FEED YOUR BRAIN“) којшто се одржа во Мултимедијалниот центар на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, главен говорник беше доктор Жан Митрев кој во еден инспиративен говор ги презентираше најважните сегменти на мотивацијата, што всушност беше и главната тема на целиот настан. Младите студенти од Штип и околината слушнаа повеќе за центрите на мотивацијата, информации од најновите истражувања на оваа тема, а дознаа и многу повеќе за тоа што е битно за да еден човек биде мотивиран, да работи, да учи, да твори.

Говорот на д-р. Жан Митрев побуди широка дебата кај младите кои се интересираа за сите оние сегменти од животот за кои неминовно е потребна мотивација. Доктор Митрев ги објасни главните патишта за настанување на мотивацијата како и целиот ефект што понатаму го имаат тие во животот на една индивидуа.

- Мотивацијата во светски рамки е нешто што се смета како топ тема, со која се бават најпаметните од овој свет. Посебно внимание се посветува на тоа „Како да се подобри мотивацијата“. Мотивацијата чини многу пари, и огромни фирми коишто постојат на овој свет се занимаваат токму со главното прашање - Како да се мотивираат луѓето за да бидат креативни? На почетокот би кажал дека мотивацијата и мозокот се неразделни. Податоците говорат дека 30 проценти од енергијата којашто ја користиме, ја користи мозокот. Без разлика што мислите, тој си работи и троши енергија. Така да тука имаме склоп од многу работи коишто дирекно влијаат на она што го правиме и на она што ние како поединци донесуваме заклучи или некакви одлуки. На сите нас основно нешто ни е да имаме успех во нешто што го работиме, а за тоа е потребна мотивација – потенцираше доктор Митрев.

My alt text

Во понатамошниот свој говор тој се осврна на внатрешната и на надворешната мотивација како и на демотиваторите, навиките, и генерално на патот којшто треба да се помине за личноста да биде мотивирана.

По доктор Митрев како говорници пред студентите се обратија и Бранко Огњановски - основач, режисер и сценарист на хумористичното ТВ шоу К-15, а сегашен креатор и уредник на порталот panika.be, и автор и извршен продуцент на ТВ емисијата „Фчерашни Новости“, како и Снежана Лупевска Созен - автор и продуцент на емисијата „КОД“, и уредник во ТВ Телма

Инаку целта на акцијата „Нахрани го својот ум“ е преку серија мотивациски говори на успешни, македонски личности од јавниот живот, бизнис секторот, здравството и уметноста, студентите да имаат можност директно да ги добијат одговорите на темите кои ги засегаат. Акцијата „Feed your brain“ е реализирана од маркетинг агенцијата „Еден на Еден“ во рамките на иницијативата „Мрдни со прст“.

My alt text

My alt text