ПресВработувањеМапа на сајтотСледете не на социјалните медиуми    
ТЕЛЕФОН 02-3091500

Кожни алерголошки тестови кај деца

My alt text

Пролетта е време кога алергиите најчесто се појавуваат и кај возрасните и кај децата. Како најчест облик на алергија е забележана алергијата на полен, која уште се нарекува и поленска кивавица. Обично почнува во март и може да трае се до крајот на октомври, а ја предизвикува поленот од тревата, дрвата и плевелот. Секако има и други причинители за алергија кои се откриваат од стручните медицински лица.

Во „Жан Митрев Клиника“, а во соработка со ПЗУ „Филип Втори“ кои работат во склоп на клиниката, се вршат кожни алерголошки тестови за кои на располагање имаме над 23 реагенси.

Тестирање на кожата се реализира со внес на мали количини на алергени само под површината на кожата со мали, површни убоди кои се прават со посебна ланцета. Точниот број на изведени тестови ќе зависи од специфичниот панел на алергени кои ќе се тестираат. Тестирањето се изведува на внатрешната страна на подлактиците, по апликација на алергенот, за 15 минути се отчитува одговорот на кожата.

Резултатите од тестот на кожата кај Вашето дете ќе бидат толкувани од страна на доктор во контекст на медицинската историја на симптомите и изложеноста на алергени. Постапката не е болна и трае кратко.

Вие како родител сте со Вашето дете додека трае целата постапка. За време на изведување на алерготестот фокусирајте го вниманието на Вашето дете на нешто што повеќе го забавува.

За да бидат реализирани алерголошките тестови детето треба да е здраво, да не прима медикаменти кои го намалуваат кожниот одговор (антихистаминици), да немаат симптоми кои упатуваат на актуелна алергиска реакција, да не е гладно.

My alt text

Како да препознаете алергија?

  • црвени и надразнети очи кои солзат
  • кивање
  • течење на воден секрет од носот
  • отеченост на носната слузница
  • чешање и црвенило
  • сува кашлица
  • отежнато дишење
  • црвенило на кожата, контактен дерматитис