ПресВработувањеМапа на сајтотСледете не на социјалните медиуми    
ТЕЛЕФОН 02-3091500

Многу клиники не располагаат со таква опрема, експертиза, организација и контрола на квалитет, како што е Zan Mitrev Clinic

Антон Мориц, поранешен директор на Универзитетската кардиохируршка клиника во Франкфурт, Германија

My alt text

Често пати сте во нашата држава и нашата клиника, какви ви се впечатоците од тие посети?

My alt textА.М. - До сега неколку пати сум бил во Македонија. Уште во 1979 год. со сопругата одлучивме да се враќаме од едно кампување низ Грција преку Охрид. После отворањето на болницата 2000 година, во поранешната Воена Болница,  бев поканет да ја посетам. По повод собирот на македонското здружение за кардиологија и кардиохирургија бевме во Охрид и држевме предавања, и потоа на враќање кон Скопје посетивме многу интересни знаменитости.  На јубилејот од 18 години постоење на Zan Mitrev Clinic во 2018 год. бев поканет на свеченоста и да одржам стручно предавање, посебен момент беше приемот кај Претседателот на Република Македонија.

Како ја оценувате состојбата пред се во кардиохирургијата во однос на развојот и примената на новите методи ?

А.М. -  Дијагностиката и хируршкиот третман како и понатамошниот третман се на исто ниво со останатите европски центри. Објектот многу убаво е уреден и опремен со модерна медицинска опрема. Др. Жан Митрев се погрижи за понатамошен развој на хируршките техники, многу од процедурите добија меѓународно признание на стручните конгреси. Клиниката им пружа многу добра медицинска грижа на пациентите. Во одредени области дијагностиката и терапијата се на највисоко и на иновативно ниво. Како за клиника, која не е непосредно дел од универзитетска клиника, научните активности се извонредни.

Имате изјавено: „Кардиохирургијата е нова гранка, се променија многу работи, има нови можности “ какви се и кои се тие можности на што се однесуваат?

My alt textА.М. - Со оглед на  тоа што кардиохирургијата  во значителен размер постои од средина на 70-тите  години, може да се каже дека  досегашниот развој е навистина извонреден. Значајно е зголемувањето на  просечната возраст на пациентот. На почеток на осумдесетите години се држеа предавања дали е возможна кардиохирургија кај пациенти постари од 70 години, додека пак денес просечната возраст на пациентите, кои се третираат е над 70 години. Новите техники, имплантите, машината за вонтелесна циркулација, како и подобрувањето на интензивната нега создадоа можност за лекување на комплексни срцеви заболувања и кај возрасни пациенти, со ограничување на повеќе органски системи.

Во денешно време оперативните методи нудат можности за третман кај тешко болни пациенти без отворање на градниот кош и без примена на машина за вонтелесна циркулација, кои и покрај опишаните подобрувања и во денешни услови претставуваат  преголем ризик за конвенционалните кардиохируршки операции.

Вие, како директор на Универзитетската кардиохируршка клиника во Франкфурт, Германија, може ли да направите споредба со она што се случува кај нас и генерално на Балканот кога е во прашање кардиохирургијата?

А.М. -Јас раководев 22 години со Клиниката за торакална и кардиоваскуларна хирургија при универзитетската клиника во Франкфурт. Од оваа позиција заминав во пензија. Поради тоа морав повеќе време да посветам на подршка на одделите кои ги раководат или кои ги  формираа моите поранешни соработници  и ученици.

Бидејќи не познавам други центри на Балканот освен Zan Mitrev  Clinic, не би сакал да правам генерална споредба во оваа област. Но несомнено е, дека многу клиники пошироко не располагаат со таква опрема, експертиза, организација и контрола на квалитет, како што е тоа случај со Zan Mitrev Clinic. Во однос на опремата оваа клиника во никој случај не заостанува во споредба со стандардот кој го имам доживеано во Германија. Како за институција со фокус на грижата за пациентите, процесите се организирани импресивно и институцијата располага со искусни специјалисти.

My alt text