ПресВработувањеМапа на сајтотСледете не на социјалните медиуми    
ТЕЛЕФОН 02-3091500

Навреме детектиран проблем значи успешна дијагноза и успешно излекување

My alt text

Симптомите кои укажуваат дека нешто не е во ред со вашето тело некогаш правилно а некогаш и неправилно ги толкуваме. Доколку тоа го направиме правилно и преземеме соодветна акција, во смисла на посета на стручна медицинска установа тогаш може и животот да го спасите. Токму со една ваква успешна приказна се запознаваме со господинот Благоја Коневски кого го запознавме во постоперативното одделение на „Жан Митрев Клиник“. Тој иако водел, условно кажано, здрав, примерен и одмерен начин на живот сепак почувствувал дека нешто се случува со неговото тело па веднаш побарал стручна помош во нашата клиника.

- Водев умерен живот на сите полиња па и во исхраната. Бев постојано во движење, цела деценија сум непушач но последниов период почувствував многу чест замор, отоци во нозете но имав и забележително губење на тежината - почнува да ни раскажува господин Благоја, додека спокојно лежи во креветот во една од собите, опоравувајќи се.

Кога во клиниката му ги направиле сите испитувања се потврдило дека има големи запушувања на крвните садови по што веднаш се пристапило кон оперирање и неизбежно поставување на 4 бајпаса и корекција на залисток на срцето.

Свесната одлука да се дојде на време на преглед и брзата интервенција на докторите од „Жан Митрев Клиник“ му го олеснија и слободно може да се рече му го спасија животот на овој наш сограѓанин.

Неговата животна приказна е многу богата, и со случувања, и со лица, кои се испреплетуваат во приватниот но и во богатиот професионален живот. Како професионалец кој завршил Електротехнички факултет а потоа работел во структурите на Управата за држава безбедност деновите му поминувале со многу одговорни одлуки а на моменти и со стресни ситуации.

Ваквата пред сѐ одговорна но и стресна работа сигурно, како што и самиот вели, придонела да се наталожат здравствени проблеми кои сега излегле на површина.

Тој е бескрајно благодарен на целиот тим од клиниката кои му ја вратија вербата и идниот безгрижен и нормален живот во идните пензионерски денови.

- Претходно само слушав за оваа болница а сега и се уверив во она што го зборуваат за неа. Навистина е така. Беспрекорна услуга од сите. Врвен медицински кадар кој буквално деноноќно се грижи за вашиот живот. Сите преземени чекори се точно одмерени и во склад на најсовремената медицина. Јас поминав одлично за што им благодарам, а тоа им го посакувам на сите кои мора да направат некаков медицински зафат. Не се плашете тука сте во сигурни раце - вели Коневски.