ПресВработувањеМапа на сајтотСледете не на социјалните медиуми    
ТЕЛЕФОН 02-3091500

ОД САД во ЖАН МИТРЕВ КЛИНИК за генетско испитување

My alt text

Франк Касабри и неговата сопруга допатуваа од Њу Џерси, САД за да направат генетско тестирање во лабораторијата за генетика и персонализирана медицина, како и комплетен преглед на здравствената состојба во ЖАН МИТРЕВ КЛИНИК. По препорака на нашиот пријател Мајкл Солаков, кој веќе имал позитивно искуство со генетско испитување се одлучивме за ЖАН МИТРЕВ КЛИНИК. Имам фамилијарни предиспозиции за дијабет па затоа сакам да направам генетско испитување. И кога веќе имате врвни кардиолози и останати специјалисти одлучивме со сопругата да направиме овде целосно испитување. Тоа е пракса која до сега ја правевме во Америка, но годинава ќе ја направиме тука“, ни објасни Касабри. Неговата сопруга ги сподели позитивните импресии од севкупната организација и професионалност на која наишле во болницата. Од почеток до крај, ние добивавме континуирана поддршка од персоналот. Од самото пријавување на инфо-шалтерот, до предавање на медицинска сестра, па за време на прегледот и разговорот со докторите имавме превод и објаснување. Професионалноста на докторите е за поздравување, а љубезноста е присутна кај секој од нив. Чувството дека не си во болница е постигнато и тоа е додадена вредност на целата услуга која е професионална“, дополни таа. Безбедност, приватност, без редици и чекање, навременост и хигиена која е на високо ниво. Тоа се вредностите кои ги забележавме и на кои треба да сте горди“, дополни Франк. Беа импресионирани и од убавата храна од Ресторанот Пулс.

Резултатите од генетското испитување ќе ги добијат за 6 недели, преку скајп комуникација со д-р Горан Кунгуловски кога ќе имаат можност да се консултираат со него и информираат околу резултатите.

Семејството Касабри се за првпат и во Р. Македонија, а нивниот пријател Мајкл веќе им организирал посети на познатите туристички места во земјата.