ПресВработувањеМапа на сајтотСледете не на социјалните медиуми    
ТЕЛЕФОН 02-3091500

Претставена успешната приказна за системот за мониторинг на енергија на BELIMO во болницата ЖАН МИТРЕВ

Системот за мониторинг и контрола на енергијата преку т.н. паметни вентили за дистрибуција на енергија од познатата швајцарска компанија BELIMO којшто е вграден во болницата ЖАН МИТРЕВ е презентиран како успешна приказна на нивната интернет страница. Во текстот тие објаснуваат дека од  болницата ЖАН МИТРЕВ е препознаена важноста од ваков систем и дека очекувањата и побарувањата биле прецизни и строги. “ Во однос на хигиената,  сигурност и безбедност, побарувањата од болницата ЖАН МИТРЕВ во поглед на системот за греење, ладење и вентилација беа големи. Покривање на површина од 18.000 м2 каде има различни болнички простории како операциони сали, интензивна нега, лаборатории и други простории беше предизвик. Целиот систем требаше да ги задоволи посебните услови за секој од овие оддели и простории“, се дел од поентите објавени за системот од BELIMO  што е вграден во болницата. За тоа што покрива овој систем, која е нивната функција како и за задоволството од успешно вградениот систем, Ви ја пренесуваме во целост успешната приказна на следниов линк:

Ви ја претставуваме и референтата листа на BELIMO каде е и за болницата ЖАН МИТРЕВ:  

https://www.belimo.com/en_US/about/media/success-stories.html.