ПресВработувањеМапа на сајтотСледете не на социјалните медиуми    
ТЕЛЕФОН 02-3091500

Прва аблација на дете направена во Zan Mitrev Clinic

My alt text

Тимот интервентни кардиолози на Zan Mitrev Clinic денеска за прв пат во државава направија аблација на дете, поточно, аблација на акцесорен пат во десно - постеросептална регија.

Станува збор за осумгодишно дете кое подолго време имало проблем со тахикардија т.е. брза срцева работа. Интервенцијата заврши успешно по што наскоро детето со своите родители ќе биде пуштено дома. Од тимот кој што ја изведе оваа онтервенција велат дека на прво место била безбедноста на пациентот за што многу се внимавало како и на позитивниот краен исход.

Родителите се обратија до нас и побараа помош за ова детенце кое страдаше од тахикардија. Го примивме и денеска со три екипи составени од анестезиолози,кардиолози и електрофизиолози, направивме електрофизиолошка студија. Се провоцира едната кардија каде што импулсот патува по нормалниот пат и се враќа по аксесорниот пат по десна постеросептална регија и тука го прекинавме тој импулс. Резултатот е успешна аблација на акцесорен пат во десно постеросептална регија. Детето имало тахикардија, a и кружење на импулсот меѓу предкомората, комората и акцесорниот пат, a ние го прекинуваме само едниот дел од патот и на тој начин се прекинува само тахикардијата. Го прекинуваме тој пат што не остава последици, а тоа е овој акцесорниот пат. На тој начин го решаваме овој проблем. Бидејќи е дете значи дека е потребна специфична анестезија, па треба да се работи со помал и потенок материјал којшто ние во Zan Mitrev Clinic го имаме и го користиме – појаснуваат од тимот на нашата клиника.