ПресВработувањеМапа на сајтотСледете не на социјалните медиуми    
ТЕЛЕФОН 02-3091500

Вреден подарок од најмалите за вработените од Ресторанот Пулс

Светската недела на детето ја одбележавме заедно со децата до градинката Светот на Колорес“ кои беа во посета на ресторанот ПУЛС во болницата ЖАН МИТРЕВ. Нивната љубопитност и интерес го искажаа преку прашањата: Како се подготвува храната која секојдневно ја добиваат во градинката? Кој е нивниот готвач? Каде се подготвува и колку време? 

My alt text

Како примерни гости тие ги почитуваа и правилата на куќата и стандардите за безбедност при подготовка на храна, односно без приговор на себе ставија капи и каљачи со што претставуваа вистинска атракција. Фатени за рака поминуваа низ кујната разгледувајќи како и каде се приготвува нивната храна, при што предизвикаа пријатни емоции како кај вработените во кујната, така и кај останатите кои ја користеа дневната пауза во ресторанот

My alt text

My alt text

Благодарноста кон вработените за здрава исхрана ја искажаа преку неколкуте песнички кои ги испеаа за време на дегустацијата на колачињата кои беа специјално подготвени за нив. Најголемото изненадување од најмалите беше оставено за крај. Добивме цртежи преку кои децата успеаа да ја доловат атмосферата од денешната посета и да ги претстават нивните најсилни впечатоци.

My alt text