ПресВработувањеМапа на сајтотСледете не на социјалните медиуми    
ТЕЛЕФОН 02-3091500

Втор роденден на истиот ден

My alt text

Госпоѓа Драга Филчевска својот 83-ти роденден го прослави во „Zan Mitrev Clinic“. Сплетот на околности ја донесе оваа струмичанка во нашата болница непосредно пред да наполни 83 години и токму на роденденот успешно и беше направена операција на жолчката. Покажувајќи ни ги камчињата кои и беа извадени од жолчката насмевнувајќи се ни ја раскажува својата животна приказна.

- Со години наназад чувствував болки во стомакот но не знаев што ми е. Одев по локалните болници во Струмица и околината но никој не најде решение за мојот здравствен проблем. Последниов месец болките се зголемија и мојот внук ме донесе во „Zan Mitrev Clinic“. Прв впечаток ми остави срдечноста и гостопримството на медицинскиот кадар кој ме примија тука како да сум дошла во нивниот дом. До сега не сум се почувствувала така во ниедна болница. По прегледите веднаш ми закажаа и операција која се направи токму на мојот роденден, на 2 април. Ова е мојот втор роденден но на истиот датум оти бев буквално спасена од докторите во оваа болница–расположено ни раскажува Филчевска.

Таа сега постоперативно закрепнува и веднаш по операцијата самата станува и непречено се движи.

- Како се чувствувам? Како да не сум имала никаква операција. Буквално не се сеќавам на ништо и ништо не ме боли. Претходната болка во стомакот ја нема а јас се чувствувам полесно, како некој товар од мене да е симнат. Деновиве очекувам внукот или синот да ме однесат дома по што би сакала да ги видам моите ќерки кои сите се мажени и живеат во странство – дополнува Филчевска.

Таа е мајка на пет ќерки и еден син и сите ги израснала во родното Барбарово, во околината на Струмица, по што ќерките се омажиле и живеат надвор од државава а таа останала со синот и внуците од него. Семејството редовно ја посетува и за велигденските празници госпоѓа Драга ќе биде со своето семејство во својот дом каде што спокојно ќе ги поминува празничните денови.