ПресВработувањеМапа на сајтотСледете не на социјалните медиуми    
ТЕЛЕФОН 02-3091500
Почетна

Новости

Семеен Магазин, феб. 2008,Станко Станојковски, 67 години, пензионер од Скопје

На сите што имаат потреба, им препорачувам да дојдат во “Филип Втори”Иако првите проблеми со срцето ги имав уште многу одамна, не им обрнував многу внимание. Навистина... Не се одлучив да превземам нешто, се додека не ми прокрваре чирот на дванаестпалачното црево. Е, тогаш веќе беше нешто друго... ...

Семеен Магазин, јан. 2008,Стојанчо Јанков, специјалист радиолог, од Неготино, 62 години

Благодарност и како колега и како пациентКога зборувам за “Филип Втори” како институција, и не сакајќи, правам споредби со останатите здравствени институции. Имено, јас сум доктор, специјалист радилог кој што целиот свој живот и го има посветено на медицината, а 14 години бев и директор на ...

Семеен Магазин, дек. 2007,Илија Димески, 62 години, машинобравар пред пензија, Прилеп

Чудо од медицинари!Поминаа девет години од првиот инфаркт... Вака, така, но си поминаа... И тоа девет години со огромни болки. До умирање! Да се работи само за болки кои што се издржливи и поминливи, па и не е толку страшно. Но, моиве беа нешто неподносливо. Колку пати само ме носеа и во болница ...

Почитуван д-р Митрев,Славе Катин (Николовски)

Почитуван д-р Митрев, Ми причинува особена чест и задоволство да ja изразам мојата голема благодарност, почит и задоволството како Bac пациент, пред се на Вас, на Вашиот тим и целиот персонал на Болничата "Филип Втори", за се Шго направивте за моето здравја и за мојата иднина. Имено, ме опериравте ...

Семеен Магазин, ное. 2007,Никола Макриески, 69 години, воено лице во пензија, од Битола.

Ме спасија од гола смртЦелиот свој живот си го живеев нормално, мирно и без некои претерувања. Со еден збор, си се чував. Секогаш се било умерено и доволно, а никогаш претерано и премногу. Не пушам и не пијам, освен можеби понекогаш, по една чаша вино на ручек. Исто така, и здравјето ми беше ...

Семеен Магазин, окт. 2007,Стојановски Стојанче, 62 години, пензионер од Скопје

5+ за “Филип Втори” На самиот прием во “Филип Втори”, најпрво бев на разговор со психологот. Разговаравме за тоа како ќе тече престојот во болницата, каква ќе биде операцијата и што се ќе се промени откако ќе си одам дома. Разговаравме за тоа како после операцијата ќе почнам да живеам нов живот и ...

Семеен Магазин, сеп. 2007,Сотир Сотировски, 63 години, пензионер од Скопје

После само 36 часа од операцијата, можев да си одам домаДа ја немав таа среќа како итен случај да бидам примен и веднаш опериран во Кардиохирургијата “Филип Втори” во Скопје, овие редови ќе немаше кој да ги напише. Но, да почнам:Имам 63 години и еве, веќе 13 години како сум пензиониран врз основа ...

Семеен Магазин, авг. 2007,Видан Велјановски, стечаен работник од Крушево, 53 години

Што да издвојам, кога се е одлично!Од ништо не боледував. Се ми беше најнормално и никогаш немав никакви проблеми, а посебно не со срцето. Но, тоа не прашува...Можеби ова време кое носи проблеми си го направило своето, а и јас сум си таков по придора, се си земам при срце, па можеби и тоа ...

Семеен Магазин, јул. 2007,Бошковски Тихомир, 64 години, пензионер, Скопје

На сите болни им препорачувам да одат во “Филип Втори”Имам 64 години, имам семејство, а од наредниот месец ќе одам во пензија, што значи дека имам одработено полн работен стаж - едноставно, живеам живот како и сите други луѓе со сите негови проблеми и радости, убави и помалку убави страни. За ...

Семеен Магазин, јун. 2007,Јован Милевски, 55 години, пензионер од Велес

Чувствувам како да имам нова плуќаПред четиринаест години, најверојатно од премногу пушење на цигари, добив инфаркт. До тогаш немав никакви проблеми со срцето, но бидејќи пушев по две кутии дневно, некако претчувствував дека нешто ќе ми се случи. Според тоа што ми го кажаа докторите, разбрав дека ...

Семеен Магазин, мај. 2007,Елизабета Велјановска, 39 години од Скопје

На 8 - ми Март, добив нов животУште кога бев мала, на систематски преглед ми открија дека имам вроден шум на срцето, иако тоа не ми предизвикуваше никакви тешкотии. Ми рекоа дека не е ништо страшно и дека ќе можам да водам најнормален живот, но дека нема да можам да бидам спортист или да се ...

Семеен Магазин, апр. 2007,Далипи Мејдин, 67 години од Дебарско

Д-р. Жан Митрев ми ја спаси ногатаМногу се изнамачив! Многу поминав и можам со денови да раскажувам низ какви се малтретирања преживеав додека не дојдов во “Филип Втори”. Од мојата приказна може да се напише цел роман.Некаде во 2004 година почувствував болки во стомакот и нормално, кога човек ќе ...

Семеен Магазин, мар. 2007,Грозде Христовски, Скопје

Д-р. Жан Митрев за мене е БогИако утрото кога отидов на работа се си беше најнормално, по завршувањето на работното време почнав да чувствувам болки во пределот на плеќите. Почекав малку да видам дали ќе ми помине, но болките не престануваа, а почна да ми се укочува и левата нога, па решив најбрзо ...