ПресВработувањеМапа на сајтотСледете не на социјалните медиуми    
ТЕЛЕФОН 02-3091500
Почетна  →  Оддели

Анестезија, реанимација и интензивно лекување

Анестезиологијата е гранка на медицината чија што цел е обезболување на пациентите, поточно нивна предоперативна подготовка, обезболување во тек на оперативната постапка и постоперативно третирање на болката. Исто така анестезиологијата се занимава со следење и лечење на хомеостатските перфузиски нарушувања во организмот поврзани со хируршките и нехируршките страдања. Заради ова анестезиологијата е тесно поврзана со реанимацијата и интензивното лекување, како и справување со итни, ургентни состојби.

Зборот анестезиологија потекнува од грчкиот збор anaesthesiologia, односно an=не, esthesia=осет и logia=наука. Под поимот анестезија се подразбира вештачки предизвикана состојба на нечуствителност на целото тело или само на некој дел (општа или регионална анестезија).

Услуги во овој оддел

Регионална анестезијаОпшта анестезијаПласирање на интрааортна балон пумпа кај пациенти со лоша функција на срцетоКонтинуиран вено-венозен ултрафилтрацијски третман кај пациенти со акутно и хронично затајување на бубрежна функција

Доктори во овој оддел

Д-р Емил Стоицовски

Анестезиолог

Д-р Тања Грамосли

Анестезиолог

Д-р Марко Ѓоргон

Доктор на медицина