
Во ангиографската сала се изведуваат дијагностички и интервентни процедури на крвните садови на срцето (коронарна ангиопластика и коронарно стентирање), каротидните артерии на вратот, како и на периферните крвни садови, исклучително трансрадијално (преку рака), со што се овозможува реализација на амбулантскиот третман на пациентите со коронарна, каротидна или периферна артериска болест.