ПресМапа на сајтотСледете не на социјалните медиуми    
ТЕЛЕФОН 02-3091500
Почетна  →  Оддели

Биохемиска лабораторија

Во склоп на ургентниот дијагностички центар работи современа биохемиска лабораторија.

Истата располага со најсофистицирана опрема за автоматско брзо и точно испитување на лабораториските анализи.

Лабораториското испитување на крвта ни овозможува да ја увидиме работата и состојбата на поедини органи и ткива.

Комплетни лабораториски анализи се испитуваат за да се постави точната дијагноза на пациентот и да се усмери истата кон најефикасно лекување.

My alt text 

Анализите се изработуваат на:

Хематолошки бројач-  SysmexXS 1000i на кој се изработуваат крвните слики на пациентите  преку кој се утврдува вредноста на еритроцитната,леукоцитната и тромбоцитната лоза вклучувајки ја и комплетната 5 диференцијална леукоцитна лоза,со што можете лесно даодредите дали се работи за бактериска,вирусна или алергиска реакција во организмот.

За само неколку минути добивате комплетна крвна слика со 21 параметар:

  • Хемоглобин,
  • Хематокрит,
  • Еритроцити,
  • Тромбоцити,
  • Леукоцити со нивната комплетна лоза –(неутрофили,лимфоцити,моноцити,еозинофили,базофили)

 

БИОХЕМИСКИ АНАЛИЗАТОР Dimension EXL 200

На него се изработуваат преку сто најразлични видови на биохемиски анализи.

Апаратот е комплетно автоматизиран со огромна брзина(изработува преку 1000 анализи за еден час) па затоа резултатите комплетно готови се добиваат додека трае самиот преглед.

Биохемиските анализи кои може да ги добиете:

глукоза, гликозилирачки хемоглобин, инсулин, креатинин, уреа, електролити, серумско железо, холестерол,триглицериди, HDL, LDL, триглцериди

хепатални ензими: вкупни протеини, албумини, трнсаминази, алкална фосфатаза, GGT, билирубин

срцеви маркери: Ck-NaC, Ck-Mb, Troponin, LDH

имунолошки статус, реума фактор, CRP, ASO… се само дел од анализите што се изработуваат во нашата лабораторија.

Сите анализи се изработуваат со најсовремени аналитички техники и методи, а имплементираните методи се стандардизирани според пропозициите на IFCC.

ИМУНОЛОШКИ АНАЛИЗАТОР ADVIA CENTAUR XP

Најмодерен  хемилуминисцентен имуноанализатор од најновата серија на Siemens.

Тоа е интеграција на интелегенција и технологија кој изработува преку 250 тестови за еден час со голем дијагностички тест скрининг што ги покрива:

  • сите кардиолошки маркери за рано откривање на акутен инфаркт на миокардот пред и после негово третирање: (CK-NAC, Troponin, CK-MB, Mioglobin, BNP, Galektin)
  • На него се изработуваат сите видови репродуктивни хормони –(FSH, LH, Prolaktin, Estradiol, Progesterone, bHC, testosterone)
  • хормони на тироидната жлезда (FT4,FT3,TSH,аТPO,TG)
  • тумор маркери (CEA,CA125II,CA19-9,CA15-3,AFP,PSA,CA72-4)
  • инфламаторни маркери- PCT
  • маркери за крвно преносливи болести – (HbsAg), (aHCV), (EHIV)
  • концентрација на лекови во крв

Единствено во нашата лабораторија можете да го добиете најновиот маркер за срцева слабост –Galektin,заедно со BNP.

Апарат за гасни анализи Rapid Point 500

Најнова генерација на гасни анализатори со комплетно автоматска изработка на гасните состојки во крвта за само неколку секунди,а во исто време се добива електролитниот баланс на пациентот(PH вредноста како и заситеноста на пациентот со O2 и CО2)

  

СЕРТИФИКАЦИЈА

Како резултат на своето високо ниво на квалитет,сигурност и стандардизација биохемиската лабораторија,во чекор се светските стандарди доби меѓународен сертификат со златен печат за висок степен на контрола на својот квалитет според стандардите на IFCC и светската здравствена организација.

Услуги во овој оддел

Услуги

Доктори во овој оддел