ПресВработувањеМапа на сајтотСледете не на социјалните медиуми    
ТЕЛЕФОН 02-3091500

Директор - академик д-р Жан Митрев

д-р Жан Митрев

 

Д-р Жан Митрев е кардиоваскуларен хирург, основач на првата кардиохирургија во Р. Македонија и најсовремената болница Zan Mitrev Clinic, основач и претседател на Македонското здружение за кардиоваскуларна хирургија.

Роден е на 11 јануари, 1961 година во Штип, а уште како ученик во основно образование го привлекуваат природните науки, а таа љубов се зајакнува низ гимназиското образование во родниот град. По дипломирањето на Факултетот за Медицина во Скопје, продолжува со едукација, специјализира хирургија во Загреб, а кардиохирургија во Германија. Во 2000-та ја прави првата бајпас операција на отворено срце во Р.Македонија и со тоа, официјално отпочнува со работа неговата Специјалната болница по хируршки болести во Скопје.

Д-р Митрев е меѓународно признат и почитуван експерт во областа на кардиоваскуларната хирургија  со посебен интерес во хируршките техники од областа на исхемичната болест на срцето, валвуларната реконструктивна хирургија, хирургијата на големите крвни садови, валскуларната, како и хирургијата на вродените срцеви мани. Со над 15.000 операции во неговата кариера се вбројува во групата на ретки кардиохирурзи во Европа. Тој е единствениот Македонец досега, кој во 1997 година ја прави првата трансплантација на срце во Германија.

Членува во бројни домашни и меѓународни организации, меѓу кои Европскиот одбор на торакални и кардиоваскуларни хирурзи, Германската Асоцијација за торакална и кардиоваскуларна хирургија, потоа Меѓународното здружение за минимално инвазивна кардиохирургија,  Европското здружение за вештачки органи.

Добитник е на бројни престижни награди и признанија од домашни и меѓународни организации меѓу кои награда за најдобар случај “Coronary artery bypass grafting in awake settings”, доделена на конгрес за кардиоторакална технологија, во Мајами, Флорида.  Добитник е на сертификат за развој на кардиохирургија на балканските простори од бордот на Балканската кардиохирургија, а за неговата хуманост добива статуетка “Мајка Тереза“, највисока награда за хуманост во државата. Од страна на EUROPE BUSINESS ASSEMBLY и Сократ комитетот, д-р Митрев се стекнува со престижната интернационална награда “ Најдобар здравствен менаџер и најдобра болница“.

Како признат експерт во медицината тој учествува на бројни научни и стручни собири ширум светот, а во негова организација се и бројни работилници и симпозиуми во државата. Има учествувано во десетици научни проекти, како и развиено иновативни техники. Една од нив, оперативна техника на аортниот корен со Замена на аортните валвули и поврзани технологии е  патентирана во САД во 2008 год.

Тој е автор и ко-автор на над стотици прилози и публикации од областа на медицината, а својот придонес во науката го потврдува и со објавување на збирка на случаи од секојдневната пракса сублимирани во книгата “Кардиоваскуларни решенија“.

Д-р Митрев и неговиот тим се пионери во регионот во лекувањето на гангрена поставувајќи еден уникатен мултиклиничен и тераписки пристап со примена на озон терапијата. Тој е голем хуманист, поддржувач на спортот, здравата исхрана и здравиот начин на живот.