ПресВработувањеМапа на сајтотСледете не на социјалните медиуми    
ТЕЛЕФОН 02-3091500
Почетна  →  Оддели

Кардиоперфузија

My alt text

ЗА НАС

Болницата Жан Митрев уште од своите почетоци во 2000 година нуди нов и оригинален пристап на спроведување на медицината и лекувањата врз основа на најновите технологии и напредоци, во високопрофесионална средина. Одделението за перфузија започна со својата прва машина за срце и бели дробови на пациент со операција со коронарен бајпас на 01.03.2000 година под будните очи на новинарите и македонската јавност. Нашето одделение се карактеризира со најновите високо-технолошки медицински уреди како што се машините за срце и бели дробови Sorin S5 поврзани со системот за управување со податоци Sorin Connect, Sorin xtra апарати за автологна крвна трансфузија (т.н. зачувувачи на крвни зрнца), Maquet cardiosave интра-аортни балон пумпи и Maquet cardiohelp центрифугална пумпа.

НАУЧЕТЕ ПОВЕЌЕ

Што е кардиоваскуларна перфузија?

Кардиоваскуларна перфузија е науката за обезбедување вонтелесна циркулација со цел вештачки да се поддржат и привремено да се заменат респираторните и циркулаторните системи на пациентот. Технологот за перфузија ја подготвува и управува со машината за срце-бели дробови и друга софистицирана опрема како што ќе му биде укажано од докторите за здравствена заштита. Перфузионистот ги мери различните параметри на крвта и други параметри за да се утврди соодветна механичка, фармаколошка и термална манипулација за да се одржува животната активност на ткивото. За да ги изврши овие задачи, перфузионистот мора темелно да ги разбира респираторните и циркулаторните системи и да може да управува со сложена опрема. Покрај тоа, перфузионистот мора да биде способен да се справува со стресни ситуации, да обрнува големо внимание на детали, ефективно да комуницира и да сака да остане во тек со новите случувања во професијата.

My alt text

Што е кардиопулмонарен бајпас (CPB)?

Кардиопулмонарниот бајпас (CPB) е техника која привремено ја презема функцијата на срцето и белите дробови за време на операција, одржувајќи ја циркулацијата на крвта и содржината на кислород на телото. Самата пумпа за кардиопулмонарен бајпас честопати се нарекува машина за срце-бели дробови или „пумпата“. Со пумпите за кардиопулмонарен бајпас ракуваат перфузионисти, кои добиваат медицински инструкции од анестезиолозите и хируршки инструкции од кардио-хирурзите кои ја поврзуваат пумпата со телото на пациентот. Кардиопулмонарниот бајпас е форма на вонтелесна циркулација. Кардиопулмонарниот бајпас често се користи во операција на срце поради потешкотијата да се управува со срце кое чука. Операциите за кои е потребно отворање на коморите на срцето изискуваат употреба на кардиопулмонарен бајпас за да се поддржи циркулацијата за време на тој период. Машината ги храни крвните зрнца и им овозможува да продолжат со клеточна респирација дури и во текот на операцијата. Кардиопулмонарен бајспас може да се користи за индукција на хипотермија на целото тело, состојба во која телото може да се одржува до 45 минути без перфузија (проток на крв). Доколку протокот на крвта биде прекинат при нормална телесна температура, настанува трајно оштетување на мозокот за три до четири минути – кратко потоа може да следи смрт. Слично на тоа, кардиопулмонарниот бајпас може да се користи за повторно загревање на поединци кои страдаат од хипотермија. Кардиопулмонарниот бајпас механички циркулира и ја оксигенира крвта за телото заобиколувајќи ги срцето и белите дробови. Користи машина за срце-бели дробови за да ја одржува перфузијата до другите органи и ткива во телото додека хирургот работи во хируршко поле без крв. На пациентот му се дава хепарин за да се спречи згрутчување на крвта пред поврзување со системот од цевки на машината за срце и бели дробови. Треба да се провери брз антикоагулациски тест после започнување со бајпас и периодично да се потврдува соодветната антикоагулација поголема од 480 секунди. Хирургот поставува венска канила во десната преткомора, во шупливата вена или феморалната вена за да извлече крв од телото. Канилата се поврзува со цевка исполнета со изотоничен кристалоиден раствор. Венската крв која се отстранува од телото со канилата се филтрира, разладува или загрева, со оксигенира и потоа се враќа во телото. Артериска канила која се користи за враќање оксигенирана крв обично се внесува во нагорната аорта, но може да се внесе и во феморалната артерија. За време на процедурата, се одржува хипотермија и телесната температура обично се одржува на 28ºC до 32ºC. Крвта се разладува за време на кардиопулмонарниот бајпас и потоа се враќа во телото. Наскоро после започнувањето на кардиопулмонарниот бајпас, треба да се проверуваат крвните гасови и ацидо-базниот статус најмалку на секои 30 до 60 минути потоа. Притисокот на артерискиот кислород (Pao2) обично се одржува помеѓу 100 и 300 mm Hg со прилагодување на Fio2 на миксерот за гас и мембранскиот оксигенатор и саканите вредности на притисок на венски кислород (Pvo2) се одржуваат на повеќе од 30 до 40 mm Hg (измерено на 37°C). Притисоците на артериски јаглерод диоксид обично се одржуваат помеѓу 35 и 40 mm Hg. Разладената крв ја покажува телесната базална метаболичка стапка, намалувајќи ја нејзината побарувачка на кислород. Разладената крв обично има поголем вискозитет, но кристалоидниот раствор кој се користи за подготовка на цевките за бајпас ја разредува крвта. На крајот од кардиопулмонарниот бајпас кога машината за срце и бели дробови ќе биде прекината и сите канили ќе бидат отстранети, се дава протамин сулфат за да се вратат ефектите на хепаринот. 

Што е центрифугална пумпа?

Оваа фамилија на пумпи користи центрифугална сила за да се предизвика непулсирачки проток. Стапката на проток зависи од ротационата брзина на пумпата. Крвта навлегува во пумпата на врвот и се забрзува нанадвор. Овие пумпи може да се користат за помош на левата или десната преткомора или и за двете. Канилата за прилив до пумпата доаѓа од левата или десната преткомора и одливот оди до аортата или пулмонарната артерија. Центрафугалната пумпа е вонтелесна, при што канилите за доток и одлив минуваат низ ѕидот на градниот кош. Пумпата е електромагнетски споена со мотор кој се поврзува со контролната конзола. На овој начин, конзолата на пумпата е целосно затворена од површини кои се во контакт со крвта во „главата на пумпата“. Со овие уреди се постигнува проток во опсег од 2 to 5 л./мин. Со тековните центрифугални пумпи за возрасни не треба да се работи под аутпути од 0.5 л./мин. Се препорачува активираното време за згрутчување да се одржува на 1.5 пати од нормалното со постојани инфузии со хепарин. За време на одвикнувањето од овие уреди, дозата на хепарин треба да се зголеми за да се намали потенцијалот за формирање тромб. Индикациите за употребата на центрифугалните пумпи се слични на опишаните погоре. Тие се користат во случаи на кардиоген шок, како мост за трансплантација, за поддршка на срце кое откажува после трансплантација и кај пациенти кои не може да се одвикнат од бајпас.

 

Што е т.н. зачувувач на крвни зрнца?

Автологната крвна трансфузија е процес на собирање, обработка и повторна инфузија на сопствената крв на пациентот со уред за авто-трансфузија т.н. зачувувач на крвни зрнца. Техниките за испирање на крвните зрнца вклучуваат четири основни чекори: собирање крв од оперативното место, обработка на излеаната крв со отстранување на серумот, складирање на црвените крвни зрнца кои се собрани и повторна инфузија на масата од црвени крвни зрнца. Собирање на излеаната крв се врши со користење на цевка за вшмукување со двоен лумен. Поголемиот лумен овозможува внесување на крв со вшмукување и помалиот лумен го носи солениот раствор со додаден хепарин до врвот од катетерот за вшмукување. Вообичаено се додаваат 10.000 единици хепарин на 1 литар нормален солен раствор и се остава да капат во комора за мешање на врвот од катетерот за вшмукување. Комората за мешање овозможува моментална антикоагулација на која било крв која е аспирирана (отстранета) од хируршкото поле. Антикоагулираната крв потоа се пренесува до резервоар за отстранување каде што згрутчената крв и други остатоци се филтрираат пред понатамошна обработка. Стапката на проток на солениот раствор со додаден хепарин кон комората за мешање се контролира со количината на вакуум кој се применува со апаратот за вшмукување и со стапката на инфузија подесена на антигоагулантското ќесе кое искапува. Филтрираната антикоагулирана крв се обработува во центрифугален сад, кој обично се состои од два подсоставни делови. Внатрешниот подсостав е неподвижен и содржи влезен и излезен приклучок преку кој течноста може да влегува или излегува од комората за обработка. Внатрешниот подсостав се наоѓа над надворешниот подсостав кој ротира и ја содржи примарната комора за обработка. Компонентите на крвта се одвојуваат во надворешниот вртечки центрифугален сад врз основа на различните густини на компонентите. Потешките погусти компоненти на крвта се центрифугираат нанадвор, кон периметарот на садот. Полесните комоненти со помала густина пловат навнатре, кон центарот на садот. Како што крвта се испумпува кон садот кој се врти, полесните супернатанти (кои пловат на површината) се преместуваат од садот преку излез и се исфрлаат. Откако садот ќе се наполни со црвени крвни зрнца, нормален солен раствор за испирање се испумпува кон садот и циркулира низ слојот од црвени крвни зрнца. Како резултат на тоа, се поместуваат остатоци, плазма, слободен хемоглобин и какви било антикоагуланти од растворот за испирање преку излезот во ќеса за отпаден материјал. После циклусот на испирање, преостанатите црвени крвни зрнца се аспирираат (отстрануваат) од излезниот приклучок кон ќеса за собирање. Крајната добиена крв собрана со овој систем може да има хематокрит од дури 70%.

 My alt text

Што е интра-аортна балон пумпа (IABP)?

Интра-аортната балон пумпа – IABP во моментот е наједноставниот и најчесто употребуваниот уред за циркулаторна помош. Нуди најнекомплициран начин за циркулаторна помош. Работата на балонот е временски одредена со електрокардиограм или бранова форма за аортен притисок. Се надувува за време на дијастола (контрапулсација), што ја турка крвта кон корнонарните артерии и периферијата. Ефектите на интра-аортната балон пумпа врз циркулацијата вклучуваат зголемување на дијастолниот притисок, намалување на последователното оптоварување и намалување на миокардната потрошувачка на кислород. Примената на интра-аортната балон пумпа ја подобрува срцевата функција, зголемувајќи го срцевиот аутпут за приближно 10% или 500 до 800mL/мин. Генерално се користи во комбинација со инотропни агенси, кои обично се на речиси максималните нивоа во моментот на внесување на интра-аортната балон пумпа. Интра-аортната балон пумпа има многу терапевтски примени во модерната медицина. Широко се применува при слабост во левата комора после кардиопулмонарен бајпас за реваскуларизација или замена на валвула. Исто така се користи во случаи на кардиоген шок кај пациенти на максимална инотропна поддршка додека се чека на срцева трансплантација, кардиоген шок после миокарден инфаркт или рефракторна ангина. Други ограничени примени вклучуваат лева главна коронарна болест, вентрикуларни дисритмии, слабост на десната комора, септичен шок и белодробна емболија. Во случаи на слабост на десната комора, интра-аортната балон пумпа може да се постави во пулмонарната артерија. Ова се врши во операционата сала при што се изложени срцето и големите садови.