ПресВработувањеМапа на сајтотСледете не на социјалните медиуми    
ТЕЛЕФОН 02-3091500

My alt text

Конференциска сала и ресторан

На третиот кат во болницата функционира Аудиториумот, простор кој е проектиран и уреден со соодветна техничка опрема за организирање на различни настани. Просторот е поделен на два дела, едниот е голема конференциска сала со амфитеатарски распоред, опремена со високософистицирана видео и аудио опрема, со капацитет до 100 слушатели. Покрај организирање на научни собири, предавања, презентации, работилници, прес-конференции,  салата е атрактивна за изнајмување од надворешни лица за организирање на нивни настани. Предноста на просторот е како во современите услови за работа и во можноста за користење на услугите (кафе пауза, ручек, коктел) од ресторанот, кој е исто така на овој спрат.

Аудиториумот е можност да ги организирате Вашите настани во современи услови:

  • Капацитет до 100 седишта
  • Видео ѕид од 4x47"
  • Безжично озвучување
  • Модерно осветлување
  • Техничка поддршка
  • Кетеринг/ресторанска услуга
  • Паркинг простор
  • Обезбедување

Фармацевтски компании и претставништва, установи од областа на медицината, невладини организации, бројни компании биле наши клиенти. Посебен интерес за организирање на одбрана на нивните научни трудови имаме и од  дипломци, магистранти кои овде ја прават и прославата со кој заокружуваат едно животно поглавје.

Во согласнот со Вашите потреби и тип на настани, искусниот тим од ресторанот може да ви понуди и подготви повеќе видови на менија подготвени според HACCP стандардoт.

My alt text