ПресВработувањеМапа на сајтотСледете не на социјалните медиуми    
ТЕЛЕФОН 02-3091500
Почетна  →  Оддели

Стерилизација

 My alt text

Болницата го намалува ризикот од инфекција со осигурување на адекватна медицинска технологија на чистење и стерилизација.

Ризикот од инфекција е сведен на минимум со правилно чистење,дезинфекција и процес на стерилизација,како  што се чистење и дезинфекција на ендоскопи и стерилизација на хирушки материјали и други инвазивни и неинвазивни медицински помагала.

Болницата располага со централна стерилизација која опфаќа:

  • Комплаксна предстерилизациска подготовка(прим на материјали за обработка,чистење и дезинфекција)
  • Припрема на материјали за стерилизација(пакување)
  • Стерилизација и издавање

1.Приемот на материјали за стерилизација се врши со испратница за стерилизација на која се означени датумот на прием,времето на прием,потпис на прием и предавање како и одделот од кој се испраќаат материјалите или установата за која се врши услугата.

*Чистење-представува одстранување на нечистотијата или било кој друг несакан материјал(крв,ткиво,коска.....) од површината или инструментите.За таа цел располагаме со машини за чистење и дезинфекција на инструменти и медицински помагала-Bellimed  како и  средства Neodisher  од  Dr.Weigert кои се активни против бактерии,квасци и вируси со обвивка( вклучувајќи хепатитис Б,хепатитис Ц).

-Машинско перење на флексибилна ендоскопија-Bellimed WD-425,

-Машинско перење на флаши,набулајзери..-Bellimed WD 150,

-Машинско перење на инструменти,кломпи,контејнери...-Bellimed WD 290,

-Ултразвучна бања-третман на инструменти со високофрекфентна струја.

*Дезинфекција-чија цел е намалување на вкупниот број на микроорганизми до степен кој нема да биде штетен по човековото здравје.Тоа може да се постигне со уништување,инактивирање или одстранување на присутните микроорганизми.

2.Стерилизација-што значи уништување на сите микроорганизми вклучувајќи ги и нивните спори.Медицинските инструменти кои се приментуваат на болните мора да бидат стерилизирани посебно спакувани , односно во:

-Контејнери,меко пакување во крпи или креп хартии кој опфаќаат специфичен начин на пакување и  системи за еднократно пакување-фолии.

  • Тие овозможуваат одржување на стерилноста-во текот на транспортот и складирањето-до конечната употреба на материјалите,како и асептичкото отварање на материјалите непосредно пред употребата.
  • Фолиите се двострани траки,од една страна хартија-порозна медицинска крафт хартија од чиста целулоза-од другата страна транспарентен повеќеслоен ламинарен филм.
  • Суштината е во еднократната употреба.Секоја ролна на себе има,помеѓу слоевите на ламинарниот филм,индикатори за парна и гасна стерилизација.
  • Фолиите за плазма стерилизација се двокомпонентни траки помеѓу кои се наоѓаат индикатор за плазма стерилизација.

 

Единствениот начин на затварање на пакувањата е со машина за лемење-Hawo.Таа,при температура од 170 0С-185 0С го слепува ламинарниот филм за хартијата,без да го оштети било кој од овие два елемента, и затворање на двокомпонентна фолија за плазма стерилизација на температура од 135 0C.

Трајноста на стерилноста зависи од болничкиот протокол и пракса,а вклучува начин на пакување и складирање.Складирањето на стерилните материјали и пакети  е далеку од извор на топлина(радијатор) и директна сончева светлина, на ТТ од 10-30 0 C и влажност од 30-70%.

 

*Подготвените материјали и пакети се стерилизираат во софистицирани стерилизатори на Bellimed и тоа:

  • Автоклав стерилизатор со комбинирана функција и тоа:

-гасна стерилизација и

-стерилизација на пареа.

 Стерилизацијата со формалдехид  користи смеса на формалдехид која  не е ниту запалива,ниту експлозивна.

 

Вид на стерилизација

 Температура на стерилизација

Време на стерилизација

Време на сушење

Вид на материјал за стерилизација

формалдехид

ТТ 60 С

60 минути

6 минути

Пластика,гума,црева,оптика,PTFE,PA,PVC и друго.

  • Стерилизација со пареа е најсигурен метод на стерилизација и има предност пред сите други процеси.Средство кое тука се користи е влажна топлина.Механизмот на уништување на микроорганизмите се темели на уништување на клеточните протеини.

Автоклавот ги опфаќа следните програми:

Програма

Температура на стерилизација

Време на стерилизација

Време на сушење

Тешки инструменти во контејнери макс.15 кг

134 С

5 минути

11+4х3 минути

Порозни материјали(текстил,инструменти во крпи<7,5 кг)

125 С

20 минути

6 минути

Специјална програма(текстил,прибор,инфективни инструменти)

134 С

60 минути

6 минути

Инструменти во контејнери,крпи макс.15кг

134 С

5 минути

11+2х3 минути

Текстил <7,5 кг

134 С

5 минути

6 минути

Гума <7,5 кг

121 С

20 минути

6 минути

 

  • Плазма стерилизацијата -за овој процес се користат високофрекфентни енергетски полиња во кој гасот (водороден пероксид) се доведува во состојба на плазма и се користи како средство за стерилизација (стерилант).После користење на водород пероксид во постапките за стерилизација нуспроизводите кои преостануваат после распаѓаањето се вода и кислород.Таа ги опфаќа:

Вид на стерилизација

Температура на стерилизација

Вид на материјал за стерилизација

Стандард програма

550 C

Оптика,камера,оптичко светло,ПТФЕ...

Флекси програма

55 0 C

Флексибилни ендоскопи

 

*Стерилизацијата е профилактичка метода со која се спречува внесување на инфекција во организамот со предмети кои доаѓаат во контакт со крв или ткива под нивото на -епидермот.

За осигурување на беспрекорната работа на стерилизаторите се прави контрола на  и стерилизациската постапка со следните тестови:

Вакуум тест

Вакуум тестот се изведува за да се провери дали може стерилизаторот да ги постигне и одржи таквите услови.Со вакуумските пумпи се одстранува одредена количина на воздух.Потоа се прави проверка со која се утврдува дали  постигнатото намалување на притисокот може да се одржува.

Bowie & Dick тест

Една од најважните дневни проверки која се изведува кај секој парен стерилизатор е тестот на продирање на пареа. Bowie & Dick тестот е тест на откривање на присутност на воздух и продирање на пареа во целото полнење.Ако тесто покажува задоволувачки резултати,стерилизаторот тој ден може да се пушти во работа.

Индикатори на постапките

Индикаторите на постапките (процесните индикатори) покажуваат само дали инструментот бил изложен на стерилизација.Тие не даваат никакви податоци за тоа дали постапката на стерилизација е уредно спроведена.Поради тоа процесните индикатори покажуваат само дали одреден инструмент бил изложен на постапка на стерилизација.

 

Биолошки индикатори

За таа намена користиме 3М Аттест биолошки индикатори.

3М Аттест 1492V биолошки индикатор со брзо одчитување се користи заедно со 3М Аттест 490 автоматски читач заради квалификација или надзор на  циклусите  на стерилизација-со динамично одстранување на воздух (предвакумирање) од 132-135 oC.