ПресВработувањеМапа на сајтотСледете не на социјалните медиуми    
ТЕЛЕФОН 02-3091500
Почетна  →  Оддели

Торакална хирургија

ТОРАКАЛНАТА ХИРУРГИЈА во нашата болница опфаќа неколку фази, како предоперативна,  оперативна, постоперативна за пациентите со здобиени и конгенитални патолошки состојби во градниот кош. Ова ги вклучува патолошките состојби на белите дробови, езофагусот и ѕидот на градниот кош, како и тумори на медиастинумот, заболувања на дијафрагмата и перикардот.

ХИРУРГИЈА НА БЕЛИ ДРОБОВИ се изведува кај пациентите со заболувања на белите дробови кај кои е потребен оперативен третман. Операцијата може да се изведе со торакоскопија или торакотомија. Во зависнот од заболувањето има неколку типови на операција. Лобектомија преставува хируршка процедура со која се отстранува еден лобус од белите дробови кој има канцерогени клетки. Доколку се отстранат двата лобуса оваа процедура се нарекува билобектомија. Пулмектомија претставува хируршка процедура при која се отстранува цело бело дробно крило. WEDGE – РЕСЕКЦИЈА претставува хируршка процедура при која се отстранува мал, добро ограничен дел од белите дробови кој содржи канцерогени клетки, заедно со околно здраво ткиво. Сегментомија претставува хируршка процедура при која се отстранува поголем сегмент/дел од белите дробови, но се отстранува целиот лобус.При дијагностицирање на карционом на белите дробови се применуваат стандрардни хируршки третмани, а се прави и хируршки третман на булозен емфизем на бели дробови.

При дијагностицирање на заболувања на ДОЈКА се планира хируршки третман на дојка, а во нашата болница  се прави и корективна хирургија на дојка, редукциона хирургија и вградување на импланти.

Специјализирани сме за третирање на вроден деформитет на ГРАДЕШ КОШ преку современа хируршка техника. Оваа интервенција трае максимум еден час, со хоспитализација од еден до два дена. Пациентите може да се вратат во нормален живот (работа, училиште и. т.н.) една недела по хируршкиот третман на градниот кош, а физичка активност може да практикуваат еден месец по операцијата.

Секоја откриена промена на ТИРОИДНА ЖЛЕЗДА со промена на тироидни хормони во крв бара понатамошен третман во консултација со ендокринолог, патофизиолог. Доколку е потребна интервентна –оперативна процедура неопходна е консултација со торакален хирург.

Услуги во овој оддел

Хирургија на тироидна жлездаХирургија на бели дробовиХирургија деформитети на граден кош