ПресВработувањеМапа на сајтотСледете не на социјалните медиуми    
ТЕЛЕФОН 02-3091500
Почетна  →  Оддели

Васкуларна хирургија

Што е васкуларно заболување?

Васкуларно заболување е абнормална состојба на крвните садови (артерии и вени) кои ја разнесуваат крвта низ целото тело. Артериите носат крв богата со кислород од срцето до секој дел од телото, вклучувајќи го мозокот, бубрезите, цревата, рацете, нозете и самото срце. Додека пак вените ја носат крвта назад во срцето. Проблемите кои може да настанат во оваа мрежа на крвни садови, наречена васкуларен систем, може да предизвикаат тежок инвалидитет и смрт.

Васкуларна хирургија е специјалност која се занимава со решавање на состојбите кои влијаат на крвните садови и создаваат нарушување на васкуларниот систем.

Васкуларната хирургија е предоминантно превентивна медицина , која е фокусирана на превенција на смрт, губиток на екстремитети и мозочни удари.

Услуги во овој оддел

Васкуларна хирургијаПериферна васкуларна болестКаротидна болестАневризма на абдоминална аорта

Доктори во овој оддел

Д-р Жан Митрев

Кардиоваскуларен хирург

Д-р Никола Христов

Кардиоваскуларен хирург