ПресВработувањеМапа на сајтотСледете не на социјалните медиуми    
ТЕЛЕФОН 02-3091500

Мисија, визија и организациски вредности

НАШАТА МИСИЈА

Врвни услуги од современата медицина, резултати базирани на брза и прецизна дијагностика, превенција на болести, извршување на комплекси операции. Секогаш фокусирани во работата за зголемување и проширување на клубот на ЗАДОВОЛНИ ПАЦИЕНТИ. Широк спектар на медицински услуги, специјализирани во кардиохирургијата, но и промотори на нови современи услуги кои треба да ги превенираат болестите на 21 век. Ефикасни и брзи услуги достапни 24 часа, со презицна дијагностиката на болест, во најкраток временски рок е мотото на тимот на д-р Жан Митрев. Тие се  врвни, едуцирани и обучени професионалци, кои ги почитуваат принципите на етички кодекс, секогаш подготвени да одговорат и на најкомлицираните задачи.

НАШАТА ВИЗИЈА

Континуирано работиме да го задржиме приматот на лидери во услугите во приватното здравство во регионот и пошироко. Но, и да се унапредува нивото на здравствените услуги и целокупниот здравствен систем во земјата. Професионалноста и стандардизираноста во работата на персоналот се синоним на работната култура, која создава институција вредна за почит,затоа што е чекор напред од останатите.

 

НАШИТЕ ВРЕДНОСТИ

Пациентот е во центарот на нашето внимание. Дијагностиката, лекувањето и грижата за него е суштината на сите наши активности. Таа продолжува и по напуштањето на клиниката од страна на пациентот. Градиме партнерства со пацинетите и тоа е наша и нивна најголема придобивка, која ја оддржуваме и унапредуваме во континуитет, затоа што решавањето на здравствените предизвици се наша цел.  ​