ПресВработувањеМапа на сајтотСледете не на социјалните медиуми    
ТЕЛЕФОН 02-3091500
Почетна

Наука

Науката во ПЗУ Жан Митрев, Скопје, Република Македонија


Стратешки цели за развој на науката во ПЗУ Жан Митрев, Скопје, Скопје, Република Македонија

  • Организирање и потенцирање на постоечката научна дејност
  • Организирање и стандардизација на пријавувањето и изведувањето научни проекти
  • Зголемување интензитетот на објавување научни резултати
  • Вградување меѓународни стандарди во подготвувањето и поднесувањето научни трудови
  • Зголемен обем на објавување книги и монографии
  • Постојана обврска на вработените за научна работа
  • Стимулативно вреднување на научната работа

Афилијација (вработување)

  • Сите вработени во ПЗУ Жан Митрев, Скопје, треба да ја стават адресата на институцијата во своите поднесени трудови за објавување како и во научните профили (Zan Mitrev Clinic, Skopje, Republic of Macedonia).
  • Вработените избрани како наставен кадар на Универзитетот „Гоце Делчев“, Штип треба да ја додадат адресата на овој универзитет (Zan Mitrev Clinic, Skopje, Republic of Macedonia; Faculty of Medical Sciences, University Goce Delchev, Shtip, Republic of Macedonia).
  • Вработените во ПЗУ Жан Митрев, Скопје, кои се вработени и во друга установа со заедничко вложување (ако се регистрирани како двојно вработени и во ПЗУ Жан Митрев, Скопје) ги ставаат и двете вработувања (Zan Mitrev Clinic, Skopje, Republic of Macedonia; BioEngineering LLC, Skopje, Republic of Macedonia). Во спротивно го внесуваат само вработувањето во Специјализирана болница за хируршки болести Жан Митрев, Скопје (Zan Mitrev Clinic, Skopje, Republic of Macedonia).
  • Поднесоците и изведувањето на научни проекти кои користат резултати, пациенти, материјали и друго од ПЗУ Жан Митрев, Скопје, треба да ја стават адресата на оваа институција како носител или како партнер (Zan Mitrev Clinic, Skopje, Republic of Macedonia).
  • Патенти и други права од индустриска сопстевност припаѓаат на ПЗУ Жан Митрев, Скопје (Zan Mitrev Clinic, Skopje, Republic of Macedonia).

Објавените трудови се внесуваат во научни бази и во научни профили:

  • ORCID (https://orcid.org/)
  • ResearcherID (http://www.researcherid.com/)
  • GoogleScholar (https://scholar.google.com/)
  • ResearchGate (https://www.researchgate.net/)
  • Mendeley (https://www.mendeley.com/)
  • Linkedin (https://www.linkedin.com/)
  • PubGet (http://pubget.com/)
  • Loop (http://loop-discovery.frontiersin.org/)

Литература

  • Newman ME. The structure of scientific collaboration networks. Proceedings of the National Academy of Sciences. 2001 Jan 16;98(2):404-9.
  • Spiroski M. Semantic Analysis of Macedonian Medical Abstracts Indexed in the PubMed Database using GoPubMed. Maced J Med Sci. 2013 June 15; 6(2):135-140.