ПресВработувањеМапа на сајтотСледете не на социјалните медиуми    
ТЕЛЕФОН 02-3091500
Почетна

За нас

Историја на болницата

Специјалната Болница по хируршки болести „Филип Втори“, ги постави темелите на современи медицински услуги во 1999 година, по адаптирањето и реновинарање на еден изнајмен дел од постоечката Воена болница во Скопје. Д-р Жан Митрев направи трансформација и формираше модерна единица за интензивна нега со врвна функционална операциона сала во тоа време. Официјално, болницата беше отворена на 01 март, 2000-та година, од страна на тогашниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски. Сепак, медицинското стартување на болницата е забележано со првата бајпас операција Во Република Македонија, водена од академик д-р Жан Митрев. Од 01 март 2000-та година отпочнува да се пишува историјата во македонското здравство, нова ера во македонската кардиоваскуларна хирургија. Потоа настаните се нижеа...

Во 2002 година беше направена првата операција на отворено срце врз буден пациент. Интересот за операциите во “Филип Втори“ секојдневно се зголемуваше. Илјада операции беше доволен показател дека е потребно проширување односно поголеми просторни услови, за да им се одговори на брзорастечкиот број на пациенти. Потребите за згрижување на пациентите иницираа уште едно реновирање, така што стариот беше трансформиран во модерен, современ оддел, отворен во 2002 година. Првиот пациент на болницата Коста Шапков, ја имаше привилегијата, прв да зачекори во новата болница.

За 2003 година, препознатлив настан за нас е отпочнување со третман на вродени срцеви заболувања. Првиот АСН occlude беше успешно поставен, на преткоморен дефект кај 4 годишно момче. Како поминуваше времето и растеше бројот на пациенти, се зголемувше и потребата за дијагностички процедури. Уште една причина повеќе за нов простор со поголеми капацитети. Во 2008 година се отвори нов, софистициран дијагностички центар кој стана еден од водечките центри во регионот, со работно време 24/7. Тоа имлицираше во прецизно дијагностицирање на заболувањата кај пациентите, преку последниот модел на компјутеризирана томографија.

Со зголемувањето на обемот на работа, отворањето на втора операционата сала беше повеќе од неопходно, така што 2009-та година е одбележана со проширување на просторот за интензивна нега. Десетгодишнината од отворањето на болницата, 2010 година, беше прославена со бројка од 10.000 операции.  Како што се нижеа годините понатаму, специјалната болница „ Филип Втори“ станува препознатлива во земјата и регионот како софистициран, современ медицински центар со комплетни дијагностички процедури во повеќето медицински гранки, поддржани со услуги од модерната хирургија, анестезија и интензивна нега. Ваквите импозантни резулатите беа мотив повеќе за вработените, кои неуморно бара нови перспективи во секојдневното работење, следејќи ги трендовите и медицинските упатства во светски рамки, користејќи најсовремена опрема. Медицинските услуги стануваа се побројни: кардиологија, интервентна кардиологија и стентирање, компјутерска томографија, неврологија, гастроентерохепатологија. Испитувањата отпочнуваа во лабараториите: трансфузиологија, микробиологија, медицинска биохемија. Се прошири со услугата од важната гранка-психолошка поддршка за пациентот и за неговото семејство, како и интензивна нега, потоа физиотерапија која овозможуваа полесно закрепнување на пациентите. Размислуваме и за итните случаи, па ја проширивме дејноста со отворање на оддел - итна медицинска помош. Хируршките гранки се дополнија со кардио и васкуларна хирургија, анестезиологија со најновите современи екстракорпорални пумпи, абдоминална хирургија со сите видови постапки, ортопедија, ендоскопска урологија, уролошки ендоскопска хирургија и примена на конвенционален третман... А тоа водеше кон рапидно покачување на бројот на пацинети. “Преведено“ во статистички бројки покажуваше континуирано зголемување на бројот на дијагностички процедури на годишно ниво.

Кардиоваскуларни операции беа во постојан пораст, така што, за деценија и пол нивната бројка достигна 18.500. Повеќе од 780 пациенти беа третирани со проблеми од вродени срцеви заболувања. Направени се 8.900 бајпас операции, 3.000 валвуларни, 1.500 операции на аортата и другите главни садови. Васкуларните операции ја надминаа бројка од речиси 4.000 .

Најрелевантен податок за квалиетот на медицинските услуги, по кој и сме препознатливи е ниската стапка на смртност на болницата, која беше околу 1%.  Високиот рејтинг на болницата секојдневно и од различни аспекти се потврдуваше. Научната страна и едукацијата на вработените за најсовремените медицински трендови преку учество во бројни научни активни истражувања и примена во секојдневната практика е пресуден за високиот рејтинг на болницата.

Научните достигнувања носеа и соодветни звања и награди. Во 2002 година, д-р Митрев беше промовиран за Академик на Плато. Активностите на тимот на д-р Жан Митрев се промовираа и презентираа на повеќе светски конгреси , од каде се враќаа како добитници на бројни награди и признанија. Тоа беше поттик повеќе да работат неуморно, пожртвувано, но и да постигнуваат повеќе. Од многубројните признанија добиени овде и во странство би ја издвоиле престижната наградата од  EUROPE BUSINESS ASSEMBLY и Сократ комитетот , од областа на здравството насловена како “ Најдобар здравствен менаџер и најдобра болница”.

Стекнатите искуства несебично ги споделуваа со колегите од земјата на организираните медицински работилници.  Беа иницијатори за формирање на Македонското здружение за кардиоваскуларни заболувања, во 2011 година, кога и се одржа првата и втората средба, во присуство на еминентни кардиоваскуларни хирурзи од Европа. Многу научни трудови се објавени во високо рангирани медицински списанија. Голем број на оперативни техники и методи применети од страна на д-р Митрев беа едни од најчитаните и најцитираните во светот на кардиохирургијата.

Многу факти, споделени искуства меѓу пациентите од земјата и регионот, ја рангираа специјаланата болница „Филип Втори“ во современ медицински центар каде прв ги воведува GS1 стандардите за контрола на квалитет и медицински третман и трошоци. Со цел поблизок, пријателски и отворен пристап на пацинетите до услугите и од другите места во земјата, д-р Митрев отвори и две поликлиники во Струмица и во Битола, во интервалот од 15 годишното постоење на „Филип Втори“.

Основач на болницата е Академик, д-р Жан Митрев, познат по новитетите во областа на кардилогијата  во земјите од Балканот и пошироко во Европа. Образованието го стекнува во неколку европски образовни центри. Специјализацијата во кардиоваскуларната хирургија ја започнува на Клиниката “Ребро“ во Загреб, продолжува кај проф. Урина во Швајцарија, а ја финализира на УНИ Клиниката во Франкфурт, каде работи се до 2000-та година. Истата година се враќа во Р.Македонија и го организира кардиохируршкиот центар “Филип Втори“, во Скопје. Успешните операции и бројни медицински услуги го истакнуваат од сите останати кардиохирузи,  интерсот за лекување во болницата расте, што природно водеше кон основање на специјалната болница по хируршки болести. Сега, по 16 години, сите операции и прегледи од повеќе хируршки гранки се спроведуваат во новата, современа болница.

Тргнувајќи од ставот дека во врвната медицина мора да има одговорност и дека секој мора да се сносни со последиците од доброто или лошото, академик д-р Жан Митрев, ја отвари првата специјализирана болница по хирушки болести во регионот.

Специјалната болница официјално почнува со работа на 1 март 2000та година. На истиот овој датум е опериран и првиот пациент пациент Коста Шапков, при што му бил вграден трократен бај пас. Почетоците со сложените и сериозните зафати најпрво се извршуваа со мал но ефективен тим  во склоп на Воената болница. Успешното работење бележи врвни достигнувања веќе во 2002 година кога  е направена првата операција на отворено срце на буден пациент, а веќе во 2003 за  првпат во земјава е извршена операција на  детско срце.   

Предизвикот и  желбата да се вратат насмевките на лицата на пациентите допринесе за развој и во другите оперативни гранки, општа хирургија, ортопедија, урологија, абдоминална и торакална хирургија.

Со годините довербата на пациентите се зголемуваше, а со тоа потребата за зголемување и на стручниот тим, но и потребата од поголем простор што би овозможил поквалитетно извршување на услугите.

Не случајно, на истиот датум по цели 16 години од основањето на специјалната болница по хирушки болести, се отвори новиот објект кој е со пет пати поголем капацитет и го носи името ,,Жан Митрев Клиник”.  Новиот објект е изграден според највисоки стандарди со уникатен ентереиер, врвна медицинска опрема, комплетно регулирана средина, строго управувани режими на греење и ладење и довод на свеж воздух и максимална комфортност на пациентите, вработените и посетителите.  Потврда за успешното работење е престижната награда за најдобар менаџер и болница со најдобар квалитет на здравствени услуги, која му припадна на академик  д-р Жан Митрев, во конкуренција со здравствени центри од Европа и Блискиот Исток.