ПресВработувањеМапа на сајтотСледете не на социјалните медиуми    
ТЕЛЕФОН 02-3091500
Почетна

За нас

Болнички кревети и категории

Интензивна нега

Интензивната нега претставува „срцето“ на секоја болница. Овој оддел е организиран во 6 соби, со по 6 кревети во секоја од нив, или вкупно 36 болнички кревети. Направени се и две изолациони соби со по 2 кревета. Или севкупно 40 интензивски места, што е оптимална бројка за болницата. Делот на интензивната нега е опремен со најновиот модел на „Дрегер“ понти и мониторинг, со 3 перфузери и 6 пумпи, 5 ИАБП, 4 ЦВВХДФ машини за утрафилтрација – Гамбро Призмафлекс, Медтроник Дијамедикус 550, по потреба за при акутна срцева слабост. Во овој дел, поставени се и специјално подготвени колички за реанимација.

Просториите се одликуваат со висок степен на чистота на воздухот, исто како и во оперативниот блок, каде се поставени Хепа Филтри Х14. За сето тоа беспрекорно да функционира, за здравјето на пациените се грижи тимот на едуцирани кадри од редот на:

- физиотерапевти кои се единствени во државата кои изведуваат вежби со пациентите за подобрување на виталниот капацитет на белите дробови, а со тоа и превенција на воспалителните заболувања во постоперативниот период.

- средномедицински персонал

- психолози

- лекари.

Полуинтензивна нега

Во рамките на болницата, во ова одделение се врши предоперативна подготовка на пациентите, како и комплетна кардиоваскуларна проценка и третман на сите пациенти пред хируршка интервенција. Врз база на анамнезата и клиничкиот статус, лабораториските, ангиографските, РТГ, МСКТ и ехокардиографските иследувања се врши ризик стратификација за евентуални рани и касни постоперативни компликации, како и соодветна тераписка модификација на истите. Процената од соодветен оперативен ризик се врши врз база на препораките од светските кардиолошки и кардиохируршки здруженија, а третманот е базиран на медицински докази. Одделот во кој лежат пациентите е со истата опрема како и кај просториите за интензивно лекување. Распоредени се во 16 соби со по 2 кревета (вкупно 32 кревета), опремени со „ Дрегер“ линеи и мониторинг, четири перфузери и две пумпи. Во секоја соба на одделението има вградено телевизор и WI-FI интернет.

Операциони сали

Императив на хигиена и стерилност се модуларните операциони сали СДХ. Оперативниот блок на болницата има капацитет од 5 операциони сали, или по 50 м2 по операциона сала. Просторот за подготовка на медицинскиот персонал е со површина од 5м2 по сала. Покрај ова, има и две идентични простории од по 20 м2 наменети за подготвување на пациентот со анестезија, пред да биде внесен во операционата сала. Изгледот на оперативниот блок на болницата е специфичен и се вклопува во целиот архитектонски концепт на болницата. Ентериерот на болницата е поставен на идејата да се обезбеди чувство на смиреност, а тоа се постигнува со бојата на ѕидовите. Така, трите составни простории на операционата сала се со основа резеда боја, а внатрешниот и надворешниот дел се обоени со нијанса на млечно чоколадо. 

Болница со хотелско сместување

Одлика на перфекција во целокупната грижа за здравјето на пациентите во болницата е одделот за сместување на пацинети, уреден со специјално изградените и луксузно уредените апратмани за сместување на пациентите.

Луксузни апартмани

Покрај врвната медицинска услуга, на пациентите им е отворена можноста и за ВИП третман, за време на нивниот болнички престој. Водени од идејата за пациентот да биде задоволен и релаксиран, за време на болничкиот престој беше проектиран и реализиран одделот за т.н. хотелско сместување во болницата. Сега, целта за излечен, задоволен и среќен пациент е достижна.

Така, на пациентите им е на располагање болнички престој со интензивна и полинтензивна нега во апартмани или во современо опремени еднокреветни и повеќекреветни соби, или:  

  • 16 двокреветни соби на првиот спрат
  • 10 еднокреветни апартмани
  • 2 делукс апартмани
  • Подесување на климатизацијата со секоја соба
  • Wi-Fi интернет
  • LED TV во секоја соба
  • A la carte и приспособено мени

ВИП апартманите нудат комплетно изолиран простор на приватност со техничка поддршка за целосна интензивна нега. Во пријатен амбиент, на пациентите им е дозволено присуство на нивните најблиски, а можат да користат и интернет, ТВ, храна од а-ла карт мени и 24 часовна услуга од медицинскиот и сервисниот персонал на болницата. Сите соби имаат комплетно опремени пространи тоалети, специјално проектирани и изведени за потребите на пациентите. Осветлувањето во апартманите е уникатно, специјално одбрани за овие простории, нуди софистицирана хромо терапија која помага за подобро заздравување на пациентите. Користењето на интернет и ТВ е овозможено според највисоките технички но и медицински стандарди, со high end технологија.

Опременоста и услугите кои се нудат со апартманското сместување, едновремено обезбедува комодитет не само на пациентите, туку и за нивните најблиски. На располагање им стојат сите видови ресторански услуги од болницата, како и перална и секако, ВИП третман од страна на персоналот.

Вкупниот број на кревети изнесува 218.

103 (ако ICU со 4 во соба) и тоа:

  • 12 ВИП
  • 28 ICU
  • 31 полу ICU
  • 32 одделение

 115 (ако ICU со 6 во соба) и тоа: 

  • 12 ВИП
  • 40 ICU
  • 31 полу ICU
  • 32 одделение 

*Сектори и одделенија

  • Кардиохирургија
  • Кардиохирургија кај деца
  • Васкуларна хирургија
  • Торакална хирургија
  • Абдоминална хирургија
  • Општа хирургија
  • Анестезија
  • Интензивна нега
  • Полуинтензивна нега и кардиологија
  • Психологија и психотерапија
  • Интерна медицина
  • Кардиологија
  • Рентген дијагностика
  • Електрофизиологија
  • Ортопедија
  • Урологија
  • Гинекологија
  • Гастроентерохепатологија
  • Неврологија и невропсихијатрија
  • Трансфузиона медицина
  • Микробиологија
  • Клиничка биохемија
  • Хистопатологија
  • Физикална терапија
  • Електрофизиологија
  • Педијатрија
  • Генетика и персонализирана медицина