ПресВработувањеМапа на сајтотСледете не на социјалните медиуми    
ТЕЛЕФОН 02-3091500

Контакт

Информации02-3091500
Итни случаи15777

Вовед

Што е коронарна бајпас операција?

Коронарна бајпас операција е операција на срцето. Користи крвни садови земени од друг дел на телото за да го заобиколи или бајпасира блокираниот или стеснетиот дел на коронарните (срцеви) артерии. Операцијата им помага на луѓето чии коронарни артерии се стесниле или се блокирани поради масен материјал наречен плака. Бајпасот овозможува поголемо количество на проток на кислород низ срцевиот мускул.

Како артериите на вашето срце се блокираат?

Со тек на време, мастите, холестеролот и другите супстанци кои се наталожуваат на ѕидовите на артериите формираат плаки. Кога доаѓа до откинување на плаката се формира тромб, протокот на крв низ срцето е блокиран и може да доведе до нелагодност во градите наречена ангина и до срцев удар.

 

Како се прави операцијата?

 

Како се прави операцијата?

  • Вашиот доктор ќе земе крвен сад од градниот кош или од вашата нога.

  • Едниот крај од крвниот сад се прицврствува за вашата аорта (најдолемиот крвен сад кој излегува од срцето), а другиот крај се прицврстува на коронарната артерија под точката каде што е блокирана.

  • Сега може да се оствари проток на крв низ новиот канал до срцето.

  • Може да имате повеќе од еден артериски бајпас направен, зависно од тоа колку артерии се блокирани.

 

Како изгледа операцијата?

Како изгледа операцијата?

  • Ќе спиете во текот на операцијата, која трае отприлика 3-6 часа.

  • По операција ќе бидете сместени на одделот за интензивна нега неколку дена.

  • Вашата фамилија ќе може на кратко да Ве посетува на одделот за интензивна нега.

 

Што по операцијата?

Што по операцијата?

  • Ќе се разбудите на одделот за интензивна нега и може ќе се чуствувате најпрво збунети

  • Секогаш е динамично на интензивна нега и секогаш светлата се приклучени. Нормално е да изгубите осет за времето.

  • Ќе имате црево во устата и грлото кое ќе ви помага да дишете. Не е удобно и нема да може да зборувате, но сестрите ќе ви помогнат да комуницирате.

  • Цревото за дишење ќе остане додека не почнете самостојно да дишете – неколку часа.

  • Ќе бидете приклучени на машини за мониторирање на вашиот срцев ритам и крвниот притисок во текот на првите 12 до 24 часа.

 

Што се случува кога ќе го напуштите одделот за интензивна нега?

Што се случува кога ќе го напуштите одделот за интензивна нега?

  • Ќе бидете преместени во болничка соба.

  • Ќе чуствувате изнемоштеност и болки.

  • Ќе се потите навечер.

  • Ќе ви бидат дадени лекови.

  • Ќе треба да дишите длабоко и да кашлате силно за да се чистат вашите бели дробови од течности.

  • Ќе почнете да се движите и да одите речиси веднаш.

  • Може да јадете нормално и ќе се чуствувате подобро секој ден.

 

Како може да научам повеќе?

Како може да научам повеќе?

  • Разговарајте со вашиот доктор, сестра или друг медицински персонал.
  • Станете дел од нашиот клуб на пациенти. Со ова ќе имате можност да се запознаете со повеќе медицински прашања и да ги споделите вашите искуства со други пациенти.