ПресВработувањеМапа на сајтотСледете не на социјалните медиуми    
ТЕЛЕФОН 02-3091500
Почетна  →  Услуги

Болничка аптека

Болничка аптека

Болничката аптека како функционално интегрирана единица со површина од 246m² има за цел квалитетно и навремено снабдување на сите одделенија со потребните лекови и медицински потрошен материјал, како би се обезбедила соодветна и квалитетна терапија на секој пациент. Во остварување на оваа цел, реализација на континуираната набавка, болницата долги години успешно соработува со ФИЛА – ФАРМ дооел како и сите веледрогерии во земјата.

Овој оддел, кој воедно претставува и столб во логистиката за болницата, е составен од тим на дипломирани фармацевти и фармацевтски техничари со лиценца за работа, како и помошен персонал со соодветна обука.

Секој процес од набавката на лекови и медицински потрошен  материјал се реализира врз основа на претходно утврдени внатрешни протоколи, притоа следејќи ги највисоките стандарди во болничката фармација. Покрај набавката, фармацевтите се вклучени и во давање на голем број услуги во областа на клиничката и болничката фармација. Тука континуирано и постојано се следат најсовремените светски текови во фармацијата и медицината, новите лекови и медицински помагала кои се применуваат ширум светот, се со цел доближување на квалитетот на услугата до најсовремените европски и светски центри.