ПресВработувањеМапа на сајтотСледете не на социјалните медиуми    
ТЕЛЕФОН 02-3091500
Почетна  →  Услуги  →  Педијатрија

ДЕТСКА ГАСТРО-ЕНТЕРОЛОГИЈА

Контакт

Информации02-3091500
Итни случаи15777

ДЕТСКА ГАСТРО-ЕНТЕРОЛОГИЈА

Гастроентерологијата  е гранка на педијатријата која се занимава со дијагноза и терапија на заболувања на дигестивниот систем и на пореметувања во исхраната на деца и адолесценти. Фокусот на дејноста е  третман и водење на дигестивните пореметувања како што се гастроезофагеалниот рефлукс, стомачната болка, опстипацијата и проблеми во исхраната, се со цел да им се помогне на пациентите и на родителите во справувањето со болеста и подобрување на здравјето и квалитетот на животот на нивното дете. Состојби кои се третираат се :

  • Стомачна болка
  • Опстипација
  • Пореметувања во исхраната/дебелина/ ненапредување во телесна тежина
  • Дијареа од неинфективно потекло
  • Енкомпреза
  • Гастроезофагеален рефлукс и рефлуксна болест
  • Алергија и интолеранција на храна
  • Хипербилирубинемија/жолтица
  • Инфламаторни болести на цревата
  • Панкреатит
  • Улкусна болест
  • Малапсорпции/малдигестии
  • Алергиски колитис
  • Целијачна болест

УСЛУГИ

  • Преглед од педијатриски гастроентеролог
  • Совети за правилна исхрана на децата
  • орална рехидратација
  • абдоминален ултразвук
  • 256- слајсен МСКТ на абдомен
  • лабораториска дијагностика
  • 24 часовна  pH метрија за дијагноза на ГЕР
  • Генетско тестирање за Целиакија
  • Нутригенетика
     

Дијагностика и терапија

  • акутна и повторувачка абдоминална болка
  • запек кај децата
  • гастроезофагеален рефлукс
  • повторувачки повраќања
  • алергија на храна
  • хронична дијареа и малапсорпција (пр. Целијачна болест)
  • нарушувања во исхраната (слабо напредување во тежината / дебелина)
  • акутни и хронични заболувања на црниот дроб
  • Интравенска / Инфузиона терапија
  • интрамускулна терапија

Совети за исхрана

  • Здрави деца и постари деца
  • Деца со нарушувања во исхраната (неухранетост / дебелина)
  • Децата со алергии на храна
  • Деца со специчност во исхраната кај некои хронични болести / состојби