ПресВработувањеМапа на сајтотСледете не на социјалните медиуми    
ТЕЛЕФОН 02-3091500

Контакт

Информации02-3091500
Итни случаи15777

Ултразвучен преглед на урогенитален тракт

УЛТРАЗВУЧЕН ПРЕГЛЕД НА УРОГЕНИТАЛЕН ТРАКТ - детален прегед на бубрезите во дијагностика на уринарните камења, малигни и бенигни промени на бубрезите, диференцирање на абдоминалната болка од бубрежно потекло.Преглед на мочниот меур - дијагностика на тумори и калкулоза на мочниот меур.Преглед на простатата и тестиси - кај мажи.

 

Тrus биопсија

 

Тrus биопсија - единствена метода со која може да се докаже рак на простата. Се изведува со трансректална ехо-сонда, се биопсираат промените на простатата, се земаат примероци од простатата, кои се испраќаат кај патологот, кој ја поставува дефинитивната дијагноза. Процедурата се изведува со локална анестезија.

 

Uroflow

 

Uroflow - едноставна метода со која се добива објективен приказ за квалитетот на уринарниот млаз. Со апарат- урофлоуметар, овозможен е графички приказ на уринарниот млаз, брзина на проток на урина, изразен во милилитри во секунда(ml/sec). Тоа овозможува комплетна дијагностика на сите болести и состојби асоцирани со отежнато мокрење-болести на простата, уретрата и на мочниот меур.

 

Експлоративна цистоскопија

 

Експлоративна цистоскопија: ендоскопска процедура за директен преглед на слузницата на мочниот меур, се изведува во краткотрајна општа анестезија (пропофол), за откривање на воспалителни промени, камења, туѓи тела и тумори на мочниот меур. Поставување и вадење на уретерални и Ј-Ј сонди- по ендоскопски пат, со примена на краткотрајна анестезија(пропофол)и рентген контрола.

 

Бужирање- дилатација

 

Бужирање- дилатација (проширување) на каналот за мокрење- уретра, е процедура која се изведува во услови на дневна болница. Индикација за оваа интервентна процедура е секое стеснување на уретрата, предизвикано од воспалителни процеси, траума или постоперативни стенози- стриктури на уретра. Се изведува со метални дилататори т.н.бужии, во локална анестезија. Целата процедура е со врметраење од 20-тина минути.

 

Апликација

 

Апликација (инстилација преку Нелатон катетер) на лекови (BCG – immucyst, Mitomycin) во мочниот меур- се применува како дополнителна терапија после трансуретралната ресекција на површни тумори на мочниот меур