ПресВработувањеМапа на сајтотСледете не на социјалните медиуми    
ТЕЛЕФОН 02-3091500

Контакт

Информации02-3091500
Итни случаи15777

Евоцирани потенцијали

ЕВОЦИРАНИ ПОТЕНЦИЈАЛИ ВО КЛИНИЧКАТА ПРАКСА,

Евоцираните потенцијали, се предизвикани потенцијали, со чија помош се перципира надворешната дразба и одговорот на мозочните центри на тие дразби.

Зависно од дразбата со која тие се предизвикани разликуваме неколку видови на евоцирани потенцијали, а најчесто користени во нашата пракса се: Видни евоцирани потенцијали – ВЕП : Слушни евоцирани потенцијали и потенцијали на мозочното стебло - БАЕП : Соматосензорни евоцирани потенцијали-СЕП

Тегобите кои со ова метода можат да се “расветлат” се сметни на видот ( ослабен и изгубен вид) сметни на слухот ( ослабен и изгубен слух, “зуење” ) и сензитивни системи ( отрпнатост, “боцкање”, “палење”, “трпнење” и сл)

Испитувањето е безболно, за неговата припрема нема апсолутни контраиндикации. Припремата опфаќа чиста коса, без гелови. Потребное е лицето да не е гладно и на денот на снимање да не прима седативи.