ПресВработувањеМапа на сајтотСледете не на социјалните медиуми    
ТЕЛЕФОН 02-3091500

Контакт

Информации02-3091500
Итни случаи15777

Вовед

Фармакогенетските тестови се нова форма на претскажувачки тестови којшто ќе имаат секојдневна примена во модерната медицина. Овие тестови може да го проценат одговорот на индивидуата (ефикасност и несакани појави) при третман со разни лекови преку тестирање на генетски варијации во ензимите што ги метаболизираат лековите. Овие тестови нудат начин за минимизирање на несаканите дејства на некои лекови и оптимизирање на нивните дози врз основа на индивидуата. Кога клиничарите би знаеле дека одредена генетска варијација е присутна кај пациентот, тие би можеле да ја регулираат дозата на лекот со што ќе се намалат неговите несакани дејства, а ќе се зголеми ефектот. Овие тестови се корисни за сите луѓе, посебно за оние на коишто им е потребен подолготраен третман со лекови.

Чувствителност на Warfarin

Со метода на квантитативен PCR се тестираат мутации во гените CYP2C9 и VKORC1 коишто се вклучени во метаболизмот на warfarin.

Чувствителност на Clopidogrel (Plavix)

Со метода на квантитативен PCR се тестираат мутации во генот CYP2C19 којшто е вклучен во метаболизмот на clopidogrel.

Чувствителност на Tacrolimus

Со метода на квантитативен PCR се тестираат мутации во генот CYP3A5 којшто е вклучен во метаболизмот на tacrolimus.

Чувствителност на статини

Со метода на квантитативен PCR се тестираат мутации во генот SLCO1B1 којшто е вклучен во метаболизмот на статини.