ПресВработувањеМапа на сајтотСледете не на социјалните медиуми    
ТЕЛЕФОН 02-3091500
Почетна  →  Услуги  →  Оториноларингологија

Флексибилна назофаринголарингоскопија

Контакт

Информации02-3091500
Итни случаи15777

Флексибилна назофаринголарингоскопија

Флексибилна /фибер/ назофаринголарингоскопија ( Vivideo Pentax Medical ) - технолошка револуција во дијагностиката во доменот на оториноларингологијата, само во Zan Mitrev Clinic

VivideoPentaxMedical флексибилен /фибер/ назофаринголарингоскоп обезбедува брза, едноставна и прецизна дијагностика

Користејќи мала флексибилна сонда се прави инспекција на горните дишни патишта почнувајќи од влезот во носните простори, проценка на епифаринкс /сводот на ждрелото/, приказ на третиот крајник, се до гласните жици/ и ларинксот, како и почетниот дел на душникот

Најчести состојби кои може прецизно да се дијагностицираат со помош на оваа метода

  • Промени на носните простори - хипертрофични промени, промени во склоп на алергија, присуство на секрет, искривување/девијација на носната преграда, тумори
  • Промени на сводот на ждрелото/епифаринкс – проценка на третиот крајник кај деца, хипертрофија на лимфното ткиво, туморски промени
  • Промени на коренот на јазикот, долниот спрат на ждрелото и грлото – бенигни и малигни промени, полипи на гласни жици

Процедурата е безболна, трае неколку минути.

Екстремно малиот дијаметар на сондата го прави прегледот многу поедноставен и полесен за пациентот во однос на другите назофаринголарингоскопи.

Овозможува прецизна евалуација на структурите со HD видеоприказ и можност за видеозапис.