ПресВработувањеМапа на сајтотСледете не на социјалните медиуми    
ТЕЛЕФОН 02-3091500

Вовед

Во текот на животниот циклус, здравствените потреби на жената се менуваат, а гениталниот систем е подложен на промени. Одржување на здравјето на Вашите репродуктивните органи е од големо значење, кое може да го доверите на гинеколозите од од нашата болница.

Тимот на гинеколози кај нас е подготвен да го следи и контролира Вашето здравје од првиот менструален циклус, до менопаузата, па и по неа. Ние знаеме дека совршена грижа вклучува и разговор со пациентката за нејзините физички, психички, емоционални и социјални потреби, во опуштена и комфорна средина, како и  примена на најнови дијагностички процедури, и  напредно следење на здравствената состојбата преку посебни индивидуални програми и консултации за секоја пациентка.

Нашите гинеколози имаат една цел: Вашето здравје!

Нашите гинеколози Ви нудат:

Гинеколошка грижа- која вклучува широк спектар на услуги за следење на потребите на жената од редовни годишни прегледи до комплексни состојби. Нашите гинеколози се специјализирани за минимална инвазивна хирургија за одредени болести, по што  престојот во болница како и  периодот на закрепнување е сведен на минимум.

Грижа за уринарниот тракт и состојби на карличното дно- доколку имате проблеми со несакано испуштање на мокрача, спад на гениталните органи или проблеми во менопаузата не треба да се срамите или да криете. Обратете се кај нашиот тим на гинеколози кои имаат решение за Вашиот проблем.

Третман на рак на гениталните органи- Современи методи за дијагностика и третман на рак на репродуктивните органи.

Акушерска грижа- Бременоста, раѓањето се едни од најважните моменти во животот на една жена, на едно семејство. За нашиот тим на гинеколози, секоја бременост е посебна, и пристапот кон следење на бременоста се базира на највисоките стандарди во акушерството. Ние се грижиме за одржување на здрава бременост преку  рутински прегледи и пренатална грижа, скрининг за хромозомски и структурни аномалии како и дијагностицирање и следење на можни потенцијални компликации. Пациентките со високо ризична бременост се исто така опфатени во нашата грижа, а се со цел -одржување на Вашето и здравјето на Вашето дете.

Гинеколошки услуги

Ги нудиме следниве услуги:

  • Годишни гинеколошки прегледи (ПАП тест, контролен гинеколошки преглед)
  • Колпоскопија, ХПВ тестирање
  • Ултрасонографија, 3- 4Д, Доплер
  • Совети за контрацепција
  • Хормонска заместителна  терапија
  • Дијагностички процедури и/или третман на абнормални резултати од ПАП тест, сексуално преносливи болести, бенигни и малигни заболувања на гениталниот тракт
  • Биоптични процедури
  • Дијагностичка и интервентна хистероскопија
  • Третман на сите гинеколошки заболувања
  • Субспецијалистички третман на урогинеколошки пореметувања

Акушерски услуги

Доколку планирате бременост или веќе сте бремени, нашиот тим на гинеколози се овде да се грижат за Вашето здравје и да ја одржуваат здрава Вашата бременост. Кај нас,  може да ги добиете следниве услуги:

  • Советување пред концепција, како и генетски иследувања на пациентки  со медицински проблеми кои може да влијаат на бременоста и плодот
  • Пренатална грижа
  • Дијагностицирање и следење на комплексни акушерски состојб
  • Третман на бременоста комплицирана со кардио-пулмолошки состојби,  дијабет, гасторинтестинални проблеми
  • Ултрасонографски прегледи кој вклучуваат 3Д и 4Д
  • Дијагностицирање во прв и втор триместар на фетус со хромозомопатија
  • Дијагностицирање на фетални и плацентарни аномалии
  • Следење на повеќеплодна бременост
  • Следење на бременост кај повозрасни жени (над 35 години)

Урогинеколошки центар

Нашиот тим на гинеколози е специјализиран за дијагностика и третман на жени со :

  • Уринарна инконтиненција (неволно испуштање на мокрачата )
  • Фекална инконтиненција (неволно испуштање на гасови/столица)
  • Пролапс на генитални органи (спад од нормална позиција)
  • Интерстицијален цистит (инфламација на ѕид на бешика)
  • Сексуална дисфункција како резултат на инконтиненција или пролапс

Голем број на луѓe мислат дека инконтиненцијата и пролапсот на гениталните органи се редок проблем кој се среќава само кај мал број постари жени. Спротивно на воспоставеното мислење, светските анализи покажуваат дека 35% од жените кои одат на рутински гинеколошки преглед имаат неволно испуштање на мокрачата, а 40% имаат среден или тежок степен на спуштање на гениталните органи. 13% од постменопаузалните жени имаат неволно цревно празнење ( цревна инконтиненција). Голем број на жените со вакви проблеми не бараат медицинско решение најчесто поради срам или страв дека позади овие симптоми се крие нешто посериозно и поопасно,  а некои пак сметаат дека ваквата нивна состојба е нормална за нивната возраст.

Инконтиненцијата и пролапсот се ретко предизвикани од некое опасно медицинско заболување. Како и да е, овие две состојби не се нормални за било која возраст, и овие заболувања можат да предизвикаат значајни социјални, емоционални, сексуални, психолошки и професионални пореметувања.

За ваквите состојби, ние имаме индивидуален пристап кон секој пациент, а третманот го базираме во зависност од потребите и желбите на секоја жена. При тоа, на секоја жена ги нудиме сите можности за терапија на нејзината состојба и даваме поддршка во одлуката да го одбере најдоброто за неа, а во зависност од нејзиниот начин на живот и потреба.

„Секоја жена чии дневни активности и квалитет на живот се афектирани од овие состојби треба да побара соодветна медицинска помош“